Доручек во 10, ручек во 8 вечер... Утепана сум, биоритамов ми е скроз изместен. Сакам да си отидам на планина, да си накитам елка и да направам чоко салеп во две шолји. Зелената - негова, розевата - моја.
Толку ми доцнеше, што не ми доаѓаше ништо да средам. Собата ми беше како бомба да ми паднала: навечер работите од на кревет ги префрлав на биро и на стол, денски патуваа обратно. Денес, заедно со црвените дождови, протече и енергија низ мене. Собата ми е цакум-пакум, дипломската исто. За мерак сум ја натокмила, уште да ја предадам утре на шалтер си мрткам со прстињата на нозете од задоволство.