е сега сум хепи,кога ги видов резултатите од полагање,јупииииииииииии......јово на ново од окомври.....
Уморно од неочекувани очекувања Одам на јагоди и филм кај Ленка и ќе останам таму на спиење, освен ако нели... Дотичниот се разбуди од сопствениот филм. Се чувствувам исто како кога имав 16, бев неискусна во љубов и се’ што ме интересираше беа поезија, бендови и театар. Ама сега имам скоро 23 и регрес на две три полиња. Без кеш, ко леш Да сме живи и здрави, има и полошо. пс: Апсолвентската помина сјаааајно. Како да траеше 3 минути, а 8 саати бевме заедно, цела катедра плус професорајот. Незаборавно прекрасно. Сега уште испитите да ги истерам и можам слободно да се пријавам за некаде надвор. Да фатам џаде и да ми олесни. Тажно е, во секој случај...
Тажно и осамено.Уствари не,сега сум во некоја фаза што и претходи на оваа тажна и осамена.Сега се нервирам зашто знам дека ќе се чувствувам тажна и осамена. Сестра ми ќе се мажи.Damn it,мора ли?!? Јас не ја давам.И никако не успевам да им објаснам дека нелогично ми е да го поврзувам настанов со радост,па по ѓаволите,мене ќе ми биде мизерно и глупо без неа,а не на комшиите.Тие нека се радуваат колку им душа сака.Случајно да не звучам себично? ма неее,јас сум добра вила па одвеме навреме наместувам по некоја пластична насмевка,колку да се вклопам во амбиентов.Абе каков амбиент,ми е гајле за него,кога сум била јас вклопена,најповеќе заради неа. И ја посакувам сета среќа на светов,а јас ќе и досадувам секој ден.Ќе и се јавувам по илјадапати и ќе и одам,и ќе ја викам да доаѓа и ќе..........ај да прекинам оти се нервирам.
^^^Со среќа нека и е, сета радост на светов да и биде јаве. Денес денов ми е за***н заедно со дождов. Не за друго, туку цел ден морам дома да седам Ама ај барем има кој да ме занимава по цел ден, си се правев паметна, држам говори на другарка ми Се на се, просечен дождлив ден.
Хм... денот ми беше супер. Па затоа и се чувствувам убаво.Се надевам дека ова чувство ќе продолжи и во наредниот период...
со среќа на сестра ти рената а инаку ми спие а не сакам да си признаам а до после ќе видиме како ќе биде. пак ќе пишам
Веќе незнам и како да се чуствувам,времето ме отепува....па не знае да изгрее сонце малку да се прошетаме,се е вакво тмурно,а покрај него и ние сме тмурни....
Откако станав како од возот прегзена, почнав да се карам со пмс-от Ама дечко ми ја спаси ситуацијата, ме однесе на едно убаво шопингување во два-три бутици што работеа(пошто нели е неработен ден, циркузи) и одма ми се разбистри главата. Ах, што не прави трошењето пари, па уште и ако не се твои
ептен нервозно... Компјутерот ми се шекнува, треба да се форматира, нејќе да се прикачат сликите од матурската, се карав со мајка ми нешто, и ептен сум нервозна
Уфф.. нервозно. Ептен. Вчера легнав нервозна, така и се разбудив, а и времево ме нервира, тмурна сум исто како времето.
Рената не си ја даваш сестра ти , а брат ми само ме брка Со среќа и од мене , подржувај ја Лавче со здравје да си ги носиш сандалите Иначе ладно е надвор , такво гадно , ама ќе искочам со златцето и ќе го разубавам времево
Лошо.... После синоќешната пијанака не мозам да се освестам а и на работа сум плус тоа...... незнам како ќе се издржи до 11 вечер