Променливо...во рок од една наносекунда ми паѓа расположениево,после полека ќе се расположам и пак одново...
Неутрално за надворешните влијанија и по малку опуштено , денес бев некако изгубена во свемирот , не гледав и не слушав ништо околу мене ( добро ми дојде ) тоа време беше само за мене , без да се сеќавам на некои работи или без да ми ја пука некој главата со свои проблеми , а така
Опуштено и енергично... Со амплитуда во нагорна линија која постепено го достигнува моментот на семејна атмосфера
Станав пред пола час... грлото ме боли изгледа дека сум спиела со отворена уста и сега си пијам жешко кафе за да не ме боли. I feel like today is not going to be such a fun day for science
Уморно.... Ме мачи и времево, ми фали сонцето... Секој ден мислам на него и неговата топлина Се радувам на секој изминат ден од есента и зимата.. Си мечтаам за пролетта и летото, тоа ме турка напред од маглава
Што и да треба да се чувствувај јас не го чувствувам ... Освен, напнатоста, секојдневен гостин ми е. Чекам да се повлече зимава
Се чуствувам како во игротека , цел ден ми помина со внуците од братучеда ми и брат ми ептен детски и весело се осеќам
До пред неколку часа липав за тотална глупост. Сега отспав и сфатив дека не вреди воопшто. Конечно нешто паметно, наместо емоции. Така да, океј сум.