И покрај тмурново време, јас се чувствувам убаво денес.Си го наполнив мешето со клуб сендвичиња со чадено пилешко за боље концентрација при учење сеа малку рилекс на форумот додека татко ми гледа некои дебати на ТВ нааааааајгласно што може, значи буквално и комшиите слушаат заедно со нас, а мене ме фаќа нерва ама ај...После ќе си учам на раат кога ќе си легнат.
Корисно и за себеси и за општеството. Преценета ли е работата? - Не и кога да се бориш да го работиш она што го љубиш. Исполнето до максимум и (карактеристично за мене) нетрпеливо да се фрлам в постела за да ја дочитам книгата*. *лакти исчашив од што по цели ноќи читам легната на стомак со часови
Спојлер Го знаеш она мислам со циганите кога добиле нов стан! Како се осечате сад у новом стану? Не осечамо се, сад се купамо....
Пореметено, разочарано тажно, тешко вознемирено, бесно и уште 3000 зборови кои неможат да опишат толкава горчива кон животов кой стварно НЕ Е ФЕР
Денесчуствувaм oлеснувaње. Симнaв еден тoвaр oд мoите грaди. Изгубив еднa личнoст, нo дoбив мнoгу пoвеќе. Дoбив внaтрешен мир сo тoa штo изгубив сaмo секoјдневни кaвги и еден куп лaги. Дoвoлнo пиев нaвтa и мижев нa се штo знaев. Дoстa е веќе, кoнечнo прoгледaв и се oслoбoдив. Иaкo фaли дел oд мене, зa кoгo мнoгу се пoврзaв, пaк се чуствувaм среќнa, мoжaм дa кaжaм декa тoлку време пoминa и зaбoрaвив штo знaчи вистинскa среќa. Убaвo е. Бoли, нo е прекрaснo, бoженственo... Еве ви еднa сликa зa сите вaс штo не мoжете дa зaбoрaвите некoј и дa гo пуштите дa oди. Пoздрaв
Решително , преземам некои чекори за подобра јас , работам на мали поправки и исправки абе од утре сум цела да одам на авторемонт
Едноставно прекрасно ! И не само денес , туку и секој ден од оваа 2015 година. Едноставно оваа година си зедов дозвола да бидам среќна и не од никој друг туку само од себе . Кога започна оваа година само реков ти ќе се направиш среќна оваа година и еве сум . По позитивна од било кога . Едноставно чувството не се опишува , некако овој почеток ќе го паметам како нешто што всушност првпат го доживувам некако конечно се чувствувам реално и самоуверено . Некако смирено и во исто време и среќно . Како повторно да сум се родила , неверојатно . Оваа не е крај оваа е само почеток верувам во себе и ќе постигнам се што сум посакала.