Најубаво!!! Конечно од почетокот на мојот студентски живот и јас да бидам задоволна од себе! Од сабајле бев на полагање (нема везе што е државен празник) и еве дочекав резултати кои очекувано беа одлични So proud of myself!
Чевли во рака,боса по ладни,наврнати кладрми со партнерот под рака,со срце и душа истурени се до вистината...со каква личност тоа јас сум се дружела?!Сите пријателства ми ги уби,а јас се чудев каде отидоа одеднаш сите?! Се разочарав и се расположив истовремено и ниеднаш до сега не сум уживала во пијанство ко вчера...жими очи.На чуден и нов начин,а толку многу лудицно преживеав се. Топлина по вратот и шепот...мммм...баш е сончев кога најмногу ми треба.Ми рече дека дефинитивно сум вистинската! Распустот ми започна,а тек сега чувствувам желба за наука,крајот да не може да ми се фати. Другар ми ме има во мобилен напишано...лудо луда... (ван гог?!) Јадевме маалски цреши...побрзо,да не фатат црвчиња од дождот,се почувствував како детенце...еее на баба Ѓурѓа бог да ја прости кога и крадевме цреши...ја нервиравме пустата,а си чуваше и козички во сред урбана средина,доживување...козичките бееее од шупичката позади...а ние обесени на прозорчињата да видиме што по ѓаволите е тоа коза?!Хахаха...ќе речеш град.А што мачкишта пак поминаа низ мои раце,ехеее.... Си ја гушкав милата моја денес...многу си ја љубам...сестричка,моја сестричка...сета тежина од срценцево ми ја вади...лесна како перце сум сега... Ми се врти и по некоја романтична мисла...иш! Зенот на женските гради,брзо минлив,но во моментов актуелен!ХА! Се чувствувам настинато,а не сум,малце ме гребе грлото,а и сум омалаксана,ама не сум бре настината...ама жолта ми е многу и светлинава...ама не сум болна!!!Имунитет,нула... Денес градов,пуст...и ладен,а ќе беше и поладен ако не ги видов денес...прекраснотии мои од кои пулсираат уште илјадници причини за живот... Лил...чудна и шашава...
Па добро...уште малку ми фале за да биде одлично... Дождот ептен ми се погоди и баш добро ми дојде.... Сакав вакво нешто...
Па од сабаље така фино лепо си се чувствував си станав си се избањав Мераци Цело време си уживкав додека не им пишав на едни Па ми го направија денов апсајддаун Бичофки Што мислат тие? Дека се центер оф атеншн? Епа не се Не се врти целиот свет околу нив Што е најважно сите мислат дека тие се најдобри, најмили, кога тие позади грб се најзлобните, најрасипаните, најлошите, а пред други вака треп треп се Кај нив нема искреност, само да искористат некого и да го остават како стара крпа Уфф доста ми е од такви пријателки ќе им раскинам пријателство веќе еднаш Ама паа...и не сум толку храбра, кога ќе помислам дека ќе зборат наоколу јас сум била ваква таква ќе измислуваат како што и обично прават тогаш си се сведувам на прашалник Незнам што да правам, па и да ги трпам цел живот па не е ОК... Сега бетер се збунив Ама мислам дека дојде да им ставам крај не се само они на светот има и други на кои што им значам и ми значат така да нека си стават .!. (sorry i must to)
Дебело. Ама стварно. Изедов тон храна. Да пресметам! Од вчера до денес имам изедено: Шеф салата Две парчиња пита со праз Попкејк и кафе Тост Па уште еден тост Вечерта, раванија, директ од тепсија! Денес: Осмина бурек со месо Ориз со пилешко Па пред малку салата од пилешко и триста марифети. Пола чоколадо Дорина рунолист. Газоза, на тони! ПМС. Ааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааа! А, да, заборавив да кажам. Ждригам како пијандура и имам чувство дека имам алигатори во грло. Плус, напишав само три страни семинарска и книгата што треба да ја вратам, чека на кревет небаре љубовник. Уште 200 страни. Нека дојде 00 00. Да се разлигавам бар. Шилејка, скроз збумбарена и стркалана. Ее, па више.
Најубава. Ветувам - ова е последен пат да ја спомнам таа меретна диплома, ама ја спакував и директно кај баба и дедо на викендицата, па да ја видат луѓето, не ќе се лажеме по телефон ко мали деца! Кутрата моја бабичка се расплака од среќа. Оф, Боженце! Викам - еве на, сега сум умна со тапија! Душички. Па се испружив на сонцето, па салатка, мевце (да не се лажеме Месишта беа тоа ), па ладно винце со татко ми, плетенки со внука ми, сеир со братучетките, сите на куп. Кулминација на денот - внука ми: Ајде сега да дробиме ружи во чашка и после ќе ги фрламе ко во Бандини! ????!!!!! Ајде! (после мајка ми ми појасни што е финтата). Ако. Кога мали дечиња се смеат, тогаш ме грее вистински убаво сонце. Денеска - убава, насмеана, среќна, against all odds се чепатам дека не сакам излети, ама сонце, зелено, пчелки, по една тегла мед за дома, и целата фамилија на куп... и ајде за две недели пак
Втор ден како имам добиено, се чувствувам грозно и мокро Ме боли носот, ако може да ми излезе една на сред нос ќе умрам Досадно ми е, па си ја викнав другарката на кафе, да ме расположи со некој трач Ајде вечер сум на три матурски, треба да сум весела
Се ми е рамно и полно, а не треба да ми биде, најнапорен викенд до сега, а јас кулирам, опуштена сум како да сум на распуст, па и како да не бидам кога деновите што преостануваат се бројат на прсти, лелле така опуштена и кога ќе ми текне ОПппп и после некоја секунда , ма ајде ништо не е , среќна сум покрај мене е прекрасна личност што ја немав видено цели 5 месеци, па како да учам сега? Е , ајде ја заминав, вие бидете сите поздравени, ветувам се читамее за многуу брзоо време,