Во моментов сум lost in space... Многу се натажувам кога блиските поминуват низ тежок период а јас не сум во можност да им помогнам епа изминатиот период ми е таков, а верувам и тој што следи (треба чудо да се деси да се опорави ситуацијава)... Многу се чувствувам тажно, разочарано, безутешително, изгубено како да не припаѓам во куќата каде што живеам,како успесите кои ги носам да се без значење, не доволни за радост...но не се криви луѓето, многу маки се натрупаа... Би сакала да ја имам таа моќ и барем тој главен проблем да го решам...а некој може,ама не сака... Оффф
денеска онака, релаксирано после едно саат време на фудбал....сега релаксирачки со чајче и добро музиче
Ми недостига мајка ми. Чудна е мајчинската љубов. Цел живот толку ми недостига личност што искрено не сум ни ја познавала.. Во тие неколку години што ја имав покрај себе, не бев доволно голема и свесна за сите работи за кои што сум сега. Вистината е дека ми е скршено срцето. Непоправливо. Од денот кој го паметам како вчера да беше иако бев малечка.. Без разлика колку љубов да имам во иднина, сопствени деца и огромна љубов кон нив и кон сите мои блиски личности и од нив до мене, секогаш ќе имам едно делче од себеси што никој никогаш нема да можи да го пополни. Има една песна што ја слушам во овие денови и искрено ви препорачувам на сите што си ги имате до вас најчистите љубови- мајките да ја слушнете! И да ја цените таквата љубов малце повеќе од обично. Оти е бесценета...
Убаво ! Расположена сум и пoлна со енергија.Будна сум од рано сабајле и бидејќи за денес немав никакви обврски еве ме си посветувам време сама на себе..хехе..денот ми започна со мн витамини,кафе,списанија и интернет..does it get any better ?
Убаво и релаксирано. Ги сакам деновите кога немам обврски и можам да си посветам време на себе. Па уште и сама дома мх мх за мерак.
Од кога сум станата па досега расположението може 1000 пати ми се смени, (ми се плачеше, па се смеев ко ненормална, па ми се лошеше, па пак бев ок) а тек само нецели 2 саати сум будна како ќе ти биде денот зависи и каква ти била вечерта, колку си спиела добро и колку добар сон си имала....а јас со прекини спиев, на секои 2 саати се будев па сеа можам да си замислам каков ќе ми биде денот допрво. тешко на тие околу мене, а не сум ни во пмс.
Дома сама сум и музика си слушам супер сум. Најубаво нешто е да си сам во тишина да подразмислиш за се.
Добро утро Феминки убав ден а мене ми се спие цела ноќ неможев да заспијам хехе ајде денот да го почнеме со кафе и добро расположение па драги Феминки наздравје