Пааа феноменално може да се каже Надвор сонценце топличко. Ми фали уште едно оромно парче торта и добра музика
Изгледа телово не беше расположено за вежбање денес, туку сакаше да се мурти заедно со времево. Јас, од друга страна, го напнав утрински со некои вежби, па сега ме болат бутните мускули. Нек се угоде, може и синоќешното вежбање си има тука удел. Не сум во некое бед расположение, со оглед на дождов. Пиев кафе, договорив попладневна дружба со постарата сестра и си го слушам Тоше кај што ја пее мојата песна прекрасна. Фалат детали за да ми биде денов уште поубав, ама што е - тука е. Било и полошо. Јас одлучувам да се насмевнам
Среќно! Фамилијарна разрешница во наша полза. Купопродажни договори два потпишани. Еден за продадено, еден за купено, големо и убаво, само мое домче, нова енергија во семејството. Драгото и мило ми човече битно во мојов живот доби животна шанса за работа. Другарка ми се љуби по Беровски снегови со либето и од км и км далечини и се среќни. Мојов ми мж протестира зошто немал доволно внимание, а немал ни ништо против да се наметне како стопан и да ми го покаже местото со гушкања. Сакал да ми свири милиот... бре, бре... Што знам некако... кога гледаш некои луѓе после 303503 години, сеедно ти е. Имаш примедби, ама се си опростил...и сеедно ти е. Си ги сакал, си знаел дека искрено си ги сакал и сакаш да бидеш фер до крај пред се заради искреноста пред себе си, а другата страна како сака нека го разбере. Простуваш и си полесен за 10 кг ти се чини. Кога си непосреден ти си во предност, кога другата страна е во грч тоа е за жалење, ништо не се сменило, ништо не се искалило, ништо не се продуховило, ништо не пораснало... и ми е тажно, ама неврмајнд.