Уморно, но среќно. Тажно на моменти...но тоа не значи несреќно. Периодов ми текнува често на дедо ми и ми недостига многу, сфаќам дека всушност не сум го одболувала како што треба. Голтам кнедли...цел ден. Ми недостига... му бев слабост од сите внуци. Прво женско после цела машка фамилија... Му бев прва радост секој ден 25 години, од него ги научив најголемите мудрости. Тивок, кревок и итар. Физички воопшто не наликувам на тој дел од семејството, ама душата ми е целосно иста. Мајка ми вика, ти кога се роди и кога прв пат те држеше во раце, а ти го гледаше право во очи, како да имаше некое чудно препознавање еден во друг. Не трепкаше. Искрено, не беше првиот мртов човек кој сум го видела, после првиот дедо, ама таа глетка засекогаш ќе ми остане врежана... засекогаш... не ми се веруваше дека некогаш ќе писнам толку гласно од болка... Ама да, среќна сум, со се што имам и немам... не смеам да се пожалам, но морам да бидам благодарна.