Со последната шолја чај за денес. Си ја враќам енергијата.Всушност енергија имав и имам, но во меѓувреме работам на вибрацијата. Настинката ми ги помеша брзините.
Денес и јас како Трендо што вели преку ИнамногуФина( ил жена му е тоа,ил кој и да е од бандата негова) Некои девојки кога ќе врзат бандана на главата изгледаат како секси Pin-up girl, а јас кога ќе ја врзам на главата право за прозорци да бришам сум... И така бев на пазар, исчистив пола куќа, еве да пододморам , да си ја преврзам марамата и уште пола да ја дочистам.
Главата ми тежи, шмркам кафе и мислам дека во телово имам друга личност. Непроспана ноќ, автоматски пропаднат ден. Агонично се чувствувам.