Прво и основно: ненаспано. Па фала Богу дека ќе се осеќам така кога цела ноќ р‘мбав по соба и спастирав книгишта. И носталгична сум баш од тие книгишта. Не ми се насолзија очите од прашина, туку од старите тетратки од 7мо по биологија со 100 шарени табели внатре. И супер ми е. Способно се осеќам. И што сака нека биде. Одам во напад! Војна!
Пролетно заморена... ама веројатно ми е затоа што не сум навикната да седам дома по цел ден... не се доседува вака... си завршив се што имав да завршам и сега дремам пред компјутер. А радо би го заменила компјутеров со тоа некому да му ѕиркам во уста и да му поправам расипан заб ама изгледа за тоа ќе почекам... сепак, уште се надевам... dum spiro spero (така ли беше?)
Помирено. Ниту ми се вреска ниту имам што да додадам. Ќе читам цела вечер, не излегувам никаде. А утре одам на семинар. Главата ми е ок, емоциите, истоштени. Но ајде, утре ќе биде подобро.
Задоволна од самата себе. Си напишав се на испитот, успут завршив други обврски, средив се на работа и сега ми е мирна главата
изморено но сепак ќе соберам сила да си ги дозавршам домашните обврски, да поседам на компјутер да одвојам време за еден добар ама баш добар туш за релаксирање. се чуствувам како мечка која штотуку станала од зимски сон и што се прашува како ли ќе преживее ?
морав да се надоврзам овде....јас со задоволство би ти дозволила кај мене во уста да ѕирнеш ми се поткрши забот и треба да се прави...ама немам време т.е. си викам дека немам време зш не ми се оди кај онаа матичнана забарка....ич не ме бендисува како работи, ќе си барам нова ииииии да јас се чувствуам весело, распеано, разиграно.....вечер се слави ајде драги мои нека е само за арно и убаво....сите да си дочекате вакви моменти...а тие што поминале, наредно е свадба
Така беше, така. Една од моите омилени изреки Честитки уште еднаш мила моја, убаво да си поминиш и чекам слики ________________________________________________________________ И да не бидам оф-топик: се чувствувам убаво; корисно.... Ма летам бре!
Изморено и изнаучено, ама ќе дојдат и моите 5 минути, си досадив на самата себе со броењево на денови, уште толку уште онолку, ама знам дека за неколку ,што се бројат на прсти ќе се одморам од него[/u ]и те како и ќе си го искористам расупстот МАКСИМАЛНО !
Побркано, незнам на која страна да се свртам .. Дали да се спремам за утре .. Дали да учам за во петок , дека знам дека утре ќе нема теоретски шанси да фатам книга, Дали да му се смирам , дали да идам таму во петок , дали да искочам со тој и тој Искрено , деновиве ми поминаа како 1 час , брзо.. И едноставно, не се замарам , кулирам братче како што би кажале некои Изроди , сеа и ја сум изрод оти користам нивен речник И дааааа конечно заврши шекерката, конечно ќе имам 1 саат повеќе во моето слободно време
Супер се чувствувам, после прошетката низ град, и ручекот на кеј, и на крај кафе седенката, можам да кажам добро поминат ден мада од сабајлето досадно ми беше
Денеска ми беше супер!Си бев во шопинг,на вечера со сопругот и многу убаво го поминав денот.Се надевам дека и утре и секој ден понатаму вака ке ми биде
Ненаспано...ме очекува стварно дооооолг ден... работа, работа, работа, па акање по продавници за деца, треба да се одбере најубав поклон за една мала принцеза која полни една година, вечера со либето...уф на диета сум, ама за*би ќе си се најадам ко човек, од предјадење до десерт па ќе си се чувствувам исполнето во секоја смисла
Вака сабајлешки се чуствувам многу позитивна, имам многу работа денес да завршам,така да на форумот ке свратам дури вечер,и то ако можам. Али утринското кафе со либето ми менува цел ден ,просто ми дава идеи што да се прави. Ајде луѓе уживајте отидов јас... :y: п.с. Се чуствувам прекрасно,па ке видиме како ке заврши денов...
Конфузна. Збунета. Почнав и лапсуси да правам. Ало бре... треба да се свестам. Ама изгледа така ми делуваат сериозните муабети. Е па да, белјата си ја барав. Уште главата не ми е избистрена ко што треба, а се нафаќам да филозофирам околу, навидум, ситници. Па, не биле ситници. Јас ги направив од муви комарци. И сега ми останува да ќутам и да се надевам дека ќе помине... секое чудо за три дена
денес баш поспан ден прва смена ама ич не ми се одеше на школо,ама морав ама си добив 5че браво за мене а сега пред компјутерот се ладам,заслужив барем 1-2 часа одмор