Денес супер ми е, си правам екскурзии на мозокот, цел свет го прошетав од сабајле ( во мислите ) Цел ден гледам туристички понуди за одмор и се восхитувам на убавините на Азија, наместо да седнам да учам оти утре полагам
Убаво. Како може да се чувствувам кога ме разбудија рачињата на внук ми кои немирно се шетаат низ мојата коса. Сонце мало Имам работа, да, ама кул ми е се, знам дека можам.... и ми фалат другарките, морам да си признаам. Не дека ги немам видено...
фала ангелче и хипи денес се чувствувам супер, така мило ми е на душава...и ептен ќефот си го направив ....ама имам грижа на совест дека книга не фатив 2 дена
Ух ептен ослободено од негативната енергија по вечер помината во преееекрасно друштво И сега доаѓа уште подобар дел од ноќта
веќе разбудено освестено и свесно за се што ме опкружува. благодарно затоа што си го исполнив денот онака како што сакав. не оставив ништо за утре, а сепак утре е нов ден, нов почеток нова борба во која ќе треба да победам и можам да заклучам дека сепак денес беше еден прекрасен ден
Супер многу ми е мило бона кава беше тажничка,срценце сега можам да ја замислам како хипнотизирана е од љубов!!!!
Горе-доле...хиперактивно придружено со екстатични чувства и уживања уз фини оброци залиени со многу кока кола... За минутка ми мина денов... Кафиња-мафиња,љубови,дружења... Грижа на совест чувствувам од толкава опуштеност...најсериозно,не сум имала одамна толку многу слободно време и простор за комбинации и уживанции...Кога немам време полна идеи,кога имам време,дури се досадувам...ааах брееее... Певицата овај...пејачката...каква певица бре...си дојде...нека е жива и здрава,ама многу е отровна во секоја смисла...Утре парче ќе правела во летните ни клубови,бре,бре...на неа се чекаше.Чумким таа ако не е,ние ноќен живот нема да знаеме што е...море ххххххрк...да ја пљукнам или да си голтнам?!(не сум дама во однос на неа,извинете!) Планови за одмор се крпат...фино...за арно за убаво,иако не ми се патува далеку со превозното средство наречено кошмар...ако треба бре во пот ќе се давам,исцрпена ќе отидам,по земја нека е само,ако треба и пеш ќе одам!Ааааах... Безбедно ми е само со умов кога летам. Спремна за мајка тип-топ,гинекологот можам да го испитувам за време на породување.Ма не ми е проблем и како прабаба ми дома сама да се породам,толку спремно што се чувствувам...лажам!Еј ти горе...остај ме шо лупетам,немој да си го пратил штркот пред време,остај ме да поживеам малце...Иако денес видов штрк во седало после многу време...дали е можеби некој знак?! Милиот ми напредува со кариерата...мореееее...на чорбаџија жена ќе станам еден ден!Арно ми вика Ариел не го пуштам да не се омажам за брзо,да ме фати таа неговата чудна маја за мужачки со брзина на светлината после раскинување со него (не знам како него не го омажиле,леб човек е,душа!Или јас не знам кај му се роговите или убаво сум го воспитала?!),ќе го влечкам уште години вака,а башка ми одговара чорбачика да се праам!Иииих бреее...срце моеее,жив остен сум ти,ај уста да не отварам да не те издавам какво си ми. Фина сум,малце летав духовно деновиве,се прилагодував на новонастанатите ситуации,ама сега во форма влегов...па парче правам или не... Лил...чуканто расположена,проштеваjте ако ве вознемирувам со чудниве содржини!
Изморено, истоштено .. Синојќа пола Охрид го прошетав и го свртев .. Ама ако, не се каам , прекрасен беше за разгледување.Очите ми се на пола копје, ненаспана ми се спие,а и среќна.. Конечно дојде викенд.Ми се сака да ми се шета .. и, брибидејќи е времево вакво ..некоја тага ме опива,тажни мисли ми се шетаат окулу паметот.. Сакам сонце !!
Петочно расположена не дека ми менува нешто тоа што е петок, ама фактот што знам дека конечно ќе имаме викенд само за нас... е па нормално дека ќе бидам хепи, зошто да не сум? Немам причина да плачам. А не сум ни плачка. И да, сакам сонце, ама нема. Изгледа на ред е малку дожд.
Изморено, недоспиено, нозете уште ме болат Што играње падна синоќа на матурската, па качување на маси Ама еднаш сме матуранти нели
Ко тиква. Станав рано, уште во 08h - момата се спреми да учи. Оф леле, кое учење падна. Дури 35 стр. и си ја затворив книгата. Ми се приспа. На вакви ли остана државата? Па пилатес, па орбитрекот (минус едно шрафче), си вртам и си мислам како повеќе сакам да се потам отколку да учам. Како би се чувствувале вие со сознанието дека повеќе сакате да копате ровови отколку да се посветите на науката? Тиквесто се осеќам. Порано си бев попаметна.
Ај фил лајк а фиш! како бе луѓе човек да не биде насмеан во ваква држава ко нашава шо да кажам чекам времево да видам дали ке се оправи за поручек или ке се работи малце подугачко на компјутер, како и да е ај фиииил гуд