Oсвен посетата на забарот денот ми беше топ. Си го поминав во шетање и релаксација Убаво. мирно, без турбуленции.
како се чувствувам...после 3 кафиња и спиење од 2 саати ноќеска....епа незнам....денес преживеав доста...животот малце ме извади од колосек ....ама тврд орев сум јас....а пак сега како се распишував по форумов....ми надојде инспирација храброст, упорност и издржливост.....СЕ' ЌЕ БИДЕ ДОБРО!
ај фил фајн ..........едноставно екстра, вечер ќе се журкаам со моите најсакани...нема утка со нив....едвај чекам да излезам....некако сум многу позитивна, среќна...ахх
Денеска се чувствувам преубаво. Цел ден сум весела, се смеам. Само еден момент се чувствував тажничка кога разбрав дека мојот сакан можеби следната година ќе учи во Скопје и да игра во некој од фудбалските клубови таму, ама подоцна сватив дека е прекрасна можност за него па сега бликам од радост. HAPPY сум
Одлично! Супервоман сум денеска. Се успеав организирано да извршам! Честитки за вршачка, поклон за роденден, прошетка, слика ил‘ две, ручек, миење чинии, кафе со баба ми... А вечерва.... роденден
Одлично.... Се видов со сите шо требаше да се видам, си пиев кафиња, еден куп кафиња, по кафулиња, по куки, по станови... Се изнајадов ко човек, абе све шо требаше си завршив, сеа да не набројувам понатака мислам Супер сум иако не искочив нигде, мада малку ми е криво за тоа само
Камо да знаев како се чувствувам.Уморно,како да се гушам на моменти,некаков притисок,а во исто време и осамено.Не е баш некоја добитна комбинација,знам.А друга работа е што се има во комбинацијава освен логика,како може да ме гуши присуството на некои луѓе,а сосема трети ми фалат.Мислам може не дека не,ама не е фер.Али зошто би било фер. Иронија или не,баш сабајле ја слушав Why од Annie Lennox.Супер песниче,али сфатив дека да се прашуваш зошто е најглупаво.Прво,сите ги мразат таквите прашања оти некако како најтешки им идат и се обидуваат да ги избегнат,а дури и да ги одговорат не можеш да бидеш сигурна дали е точно или не.А најлош случај е кога си ги поставуваш сам себе,па во иднина строго ќе ги избегавам.Ќе се преориентирам на каде-прашања,пр каде вечер,каде на одмор,каде за Нова год и сл,и онака имам впечаток дека сите токму нив најповеќе ги сакаат.И етеее,пак забегав,само овде е лошо што нема кој да ми рече да се вратам а кочнициве слабо ми работат.
летам слободна ко птица се осеќам топ уште од утрово поради вчерашната луда помината вечер. ќе видиме што ќе донесе денот ама ќе настојувам ова расположение да го држам до максимум
Се чувствувам некако чудно...Крајот не можам да си го фатам Незнам на што се должи оваа моја избувливост?? Се испокарав со луѓе што ништо не ми згрешиле, јас битно се изнаразвикав...Па ми беше криво... И сега се осеќам празно. А што е најсмешно, баш имам многу убав период, низ кој мирно можам да си пловам, без поголеми нервози и потреси, а јас пак не сум задоволна?? Си барам турбуленции изгледа Ќе го чекам одморот, па ќе го пуштам тогаш кормилото и нека плово бродов каде сака, не ме интересира!
Како бумбар. Не отидов во зоолошка, ми се спиеше ептен. Вчера не можев да бидам поочајна! Вино, вино и вино. Демек во него е вистината. Како да не. Денес ќе работам ептен, за да си го фокусирам мозокот. Вечер на свирка за мини аплауз. Животот тече. Само мојов мензис никако да дојде.
Зарем почна да учиш? јас не знам кога да почнам, уште ги неам прирачниците, а знам дека се по 400 страни, барем македонски е толку? Хипи дај кажувај некоја стратегија како да учам, нема шанси лекција по лекција, многу се... леле коа мислам на ова ми доага на вриштам на цел глас, нека помине и тоа веќе
Прејадено! Ражничи, млади компирчиња, две салати, па и кусо на крај беше сладолед од ванила со јаготки, мммм.... ама сега ќе пукнам! Ете само заради ова не сакам викенд, се прејадувам кога сите се дома, иако цела недела си јадев како нормално глувче. И сега ми е тешко. А и времево е жешко. Ми се придремува некако, ме фаќа мрза, се чувствувам преполнето, мрзеливо, лепливо, мемливо... Ах, што не би дала за малку вода (не за пиење, за пливање ).