„Секоја ноќ, мојата бремена совест...“ Чуден беше вчерашниот муабет. Нема шанси да сиве работи доаѓаат онака,какви ги замислувам и замислував и... да нема никаква цака во сето тоа. Никогаш ништо не ми дошло така... лесно - без услови. Нема да се радувам. Нема да прераскажувам. Тажна состојба е ова. Остани нормален да те видам
Вљубено, да кажеме. Тоа ми е некако најблиското нешто што можам да го извлечам од целиот хаос од чувства и мисли. Вљубена, во очекување, еуфорична. Не знам како ќе спијам вечерва, а за утре вечер па да не спомнувам.
Тажно. Се изнаплакав на серијата, зашто не очекував дека еден супер лик кој го живее животот до последен здив, ја победува болеста, бесконечно се заљубува и прави се' за својата жена, ќе има таков тажен крај... Бесконечно забавен, луд, позитивен, ме насмеал во безброј моменти и ќе да е ПМС, ама се почувствував ко мојот сакан да го изгубив. И го изгубив, да, но фала му на Бога сеуште е жив, ама толку се соживеав, што не престанав да плачам, а цел месец солза немам пуштено. Веројатно добро ми дојде да се ослободам од потиснати чувства, ама серијава ме уби. Скроз.
Некако исполнето.Последниов период не правев ама баш ништо корисно.При крај сум со факултетот и и во глава ми се врати што понатаму.Затоа ноќеска ми се роди една идеа се надевам дека ќе ја остварам.Ќе дојде крај на овие досадни и денови поминати во безделничње
Како Малиот Принц, кој рекол „Морам да трпам две-три гасеници, ако сакам да гледам пеперутки во животот“.....
Главава ќе ми прсне. Секогаш кога имам работа со шалтери е истата песна. Од еден на друг само те препраќаат, те гледаат накриво и на крајот си одиш со незавршена работа. Никој ништо не објаснува, како и го дадеш документот, така она пак ти го шутне во раце и готово. Не сакам, значи НЕ САКАМ шалтери и неспособни, неуслужливи луѓе кои седат позади нив. Требаше во испукајте се изгледа.
Искрено како тинејџерка на 16. Сум заборавила како изгледаат пеперутките па малку се потсетив на тоа прекрасно чувство... Кога ќе запознаеш некое толку слатко и мило суштество и се кезиш ко нездрава цело утро... Мхм, мало е скоро па заљубено
Глупости. Живи глупости. И „не“ ми е подобро од тоа да чекам... и чекам... и чекам до бесконечност. Кое гњавење ти го приредуваат. И тоа, од немукает. Ништо друго. Преку Тасета ми е. Така.
Осечам се евентуално.Денес посебно лошо,до степен да пијам апче за смирување (трето ми е во живот) и шо е најтрагично без причина се осеќав вознемирен и напнат.
Oд една страна безволно и утепано од болки поради женските маки, а од друга мотивирано..спремна за прогрес и промени на повеќе полиња
Саканааа ,галена,мазена,пазена! Олеснета со неколку калории, трчање по патека. Да се почне од некаде , спремање за бикини.
Жмурам пред лаптоп. Освен тежина врз капациве, ништо друго не чувствувам. А.. филм ќе гледав. Какопадане.