Мрзеволно. Од пред 4 станата и уште кафе немам пиено..од што ме мрзи да станам од кревет и да си сварам. Си слушаме дожд.. шшшт.
Денес се чувствувам прекрасно, се разбудим со насмевка на лицето, ги гушнав мајка ми и сестра ми, го в`пив секој зрак од ова наше најубаво сонце какво што нема никаде, потоа капките ситен дожд го измиј и освежија моето лице, жива сум и здрава, па што уште ми треба? Не бев на ручек во кафана туку јадев патлиџанче со кромид и луто пиперче мммммм Дава енергија како да сум јадела месо. Тоа е мојата чудесна земја.
Изморено но среќно...чуствувам некакво блаженство, убавина во душава... човек е навистина среќен и благословен кога обврските му се задоволство и ги извршува со извесна сатисфакција....
Заљубено, прекрасно, на седмо небо. На моменти меланхолично и збунето. Но да, љубовта преовладува. Нека трае!
Веќе 3 или 4 години како едно дрво што само си ги сече овенатите гранки, така како да сечам дел од себе, ете така ми е. Позз
Шеташ и е дење. Светло. А е некаде...19 часот. И ти е чудно.Бидејќи.. ден во 19 саатот те асоцира на лето, на топло време, на сандали, куси ракави... а ти си се убушурил ко да е ноември,октомври. И цело време си мислиш на такви глупости, ко и на кикириките што си ги прождрал за ручек, место ручек..пошто, нели...тој период е..кога грицкаш глупости. Мислиш и на двата филма што сакаш да ги изгледаш... на тоа што да облечеш утре..што да запереш, дал ќе се исуши, побогу... што се имаш да прочиташ вечерва за да се спремиш за утре.. за двете глупости што ќе се случуваат утре, а ич немаш волја да се случуваат. И на се си мислиш дури и на глупото, бизарно видео што ти го пратиле сабајле..само не на муабетот кој демек, треба да го чуеш од човекот спроти тебе. Дури и на тоа дали да зготвиш некакви јајца и да ги сликнеш Се надевам ќе заспијам вечерва.