Пред некој ден, пружив рака кон едно кутре, а оно, пустото...си сви опаш и џомка фати, во спротивен правец. Не ми се има случено да кутре побегне од мене. Не бев во најдобро издање. Тоа да. Ама па, чак до толку?! Не ли го надуши животинчето во мене, побогу?! Нели сме си две животинчиња... само малку различни?! Дури и не мирисам на себе,повеќе. Флуктуирам. Мајке ми и мајке ти!
Како кретен,сепак некогаш поубаво да излажеш него вистината да ја кажеш.Луѓето сакаат да бидат излажени.
Затуцано На едно место читам камења да сликаме, на друго место оброци во тегла... Мајко мила, колку децении заостанувам?! Утре ќе измислат бебиња од тегла
Како? Како бе како? Самата си се частев денес и бев н а шопинг во Теранова и ко ми пуштија тоа Енрикето со Дуеле песничето...јас несвесно зедов скокам играм...тешко мене бе.... А и дека матурските испити ми завршија,па чувството како сум денес е кога ќе видиш како коњо слободна си трчка по ливадине и хиииииика....ете така фридом филинг.