Ми се спие...Се чувствувам расположена за муабет, среќно се чувствувам. Ми недостига Марко бебушот. Ми се јаде...пица, ама не го знам бројот од пицерија да си нарачам со деливери да ми ја донесат. Ми се трачари. Друго незнам што ми се прави. Ааа да ми се тепа едно девојче
Ухх..уморна сум ! Имаме мајстори дома и во 7 ме разбудија со нивната бучава -.- потоа јадев, трчав затоа што имам вишок кг и учев за тестот утре -.- а сега решив да се релаксирам на форумов а потоа пак да се фрлам на книга ! Ама уморна сум, и ми се спие
^^^Ќе се караме, не смееш да се чувствуваш неубаво Се чувствувам поспано. У п.м со прозевањето, ја раскинав устата, само зинувам, и цел ден дремам, креветот воопшто не го наместив, и пет пати го искористив. Ама што ќе правам сабајле кога ќе станам со петлите А башка си имав планови, ама пак ќе врне. БАрем така се спрема Еееех, после толку напорно радосен ден, требаше да знам дека ќе биде вака.
Одлично, конечно одморена, само ме плашат книгите што под итно треба да се земат во рака. Си каснав торта од бато, сега сум таман,па уште и ако ја убедам мама да шетниме низ чаршијана, мхмх, ќе нема крај на мојата среќа Убаво ми е, и јас сум убава, и сите денес околу мене се убави...
збунето и не ми се верува дали нешто се случува со причина има еден текст од владо јаневски секое лошо за добро е што и да е ќе помине а што скав да кажам со ова и дали е се во ред за тоа што се осеќам збунето ќе кажам утре . ах
Како на струја да сум уклучена,ми се спие,од сабајле станата и цел ден трчам,натака,навака,во град,библиотека,па пасошот да си го земам,кога отидов,една гужва,па нервоза кога ме фати,мислев побрзо ќе завршам,па им паднал системот и си чекав,чекав....и на крај завршив работа,глава ме боли ужасно,како да имам нешто на главава па ме стега,болии ми се јаде,многу,ми се чини вол ќе изедам,од што ми се јаде,па не за друго во некој претходен пост,беше спомната пицата па тоа ми се пријаде,пуканки,пак благо...покрај тоа овој пмс ме пореметува,нервоза,главоболка, глад,се одеднаш,мешано,оф крај немааа...
Денес се чувствувам подобро од кога и да било издржам долги 6 дена диета и вежбам напорно .. фармерките што неможев да ги облечам си ги облеков денес без проблеми ..