Низ животот ќе одиш и ќе се бориш како лавица за во еден миг заради некој да се почувствуваш како магарица! Толку.....
Мноооооооогу нервозен се` до сега. Сега е малку подобро, откако си ги завршив обврските и ми олесна голем товар од грбот... Се надевам дека вечерта ќе кулминира во најдобро светло
Денес се чуствував прекрасно, преубаво.. Не постои некоја посебна причина, ништо посебно не се случи,најобичен ден, станав, доручкував, потоа започнав со чистење по дома ( притоа музика на најсилно и јас пеам, вриштам и чистам хехех ) И целата сум полна со енергија, радосна, насмеана, ко дете некое . Се надевам и остатокот од денот ќе ми е ваков. И дека ќе имам уште многу вакви денови. На сите вас ви посакувам да се чуствувате како мене денеска, па и уште поубаво, посреќно.
Се чувствувам како празно шише од скапо вино Однадвор со совршена форма и нежност, а внатре празно, само воздух струи и удира во ѕидиовите, нема бои, нема ноти, нема стихови, нема љубов што виното ја носи. Се чувствувам како празно шише од скапо вино што некому на наградна игра му паднало, а тој пустиот в час го испил, несвесен дека тоа вино со годините само на вредост добива. Се чувствувам како празно шише од скапо вино, нежно и провидно, фрлено во еден ќош, со ѕидови кои се подготвени да го пресечат секој кој рака ќе подаде да го допре. Се чувствувам како празно шише од скапо вино со останат мирис и вкус по ѕидовите, кое само се сеќава како било кога чувствувало, кога сакало.