Вчера, денес, утре... Секој ден исто.. Забегано. Очајно ми треба одмор. Заспивам наведната над креветчето на ќерка ми. Закенкала рипам како споулавена, не знам што правам?! Сум и дала, не сум и дала млеко???.. Без памет сум.. Син ми никако да го скротам. Збеснува низ дома. Трчам, де по едно, де по друго дете. Од понеделник во градинка, па може нема да сум толку исцрпена и уморна. Згора на се не научив и не научив како да престанам да и бидам роб на куќата. Е така..
@anaja1 немој да си се убедуваш до толку,,,знам дека ќе кажеш оти проверено ти е, ама дај кураж малце, или шлакни и една во сон на таа персоната па да видиме дали пак ќе се осмели да те задева
Како психотерапевт:трета особа по ред за 24 ч побара да ја сослушам,тешам,храбрам.... Камо да имам некое магично стапче на сите да им помогнам ,ама мислам срцево ќе ми пукне од негативни емоции...
Исполнето.Стигнав и со учење и со некои домашни обврски-си направив за јадење,ги пружив алиштата,пархетот го исчистив.Убаво е кога ти е дома чисто.☕Обично викендите не ми се толку убави,ама овој ми е баш убав.
Денов ми се допаѓа од самиот почеток, уште од сабајле ми е преубав, па се досега. Сега пак убавината му ја потврди фин пријателски гест. Сакам кога некој ќе направи нешто многу убаво за мене, а уште повеќе кога најмалку сум го очекувала тоа . Не ми е важна големината на гестот, битно ми е дека е сторено заради мене, за мое добро. Да, си ги сакам другарите, сите
Се чувствувам посилен, се надевам дека овие зборови ќе допрат до некој на кого му е потребна надеж овој ден, па и секој нареден кога ќе го прочита тоа, не си сам, животот е убав, нема реприза, ЖИВЕЈ !