Денес ептен ми се отворија чакрите. И за работите што сум ги направила, и за работите што не сум ги направила по моја вина, и за работите што не сум ги направила по туѓа вина. Сакам вакви денови. Време е за корекции. Под притисок, тоа сум јас! Уф, жестоко ќе биде, ама ќе се издржи! Патем, видов една позната од моја бранша што бара работа. После 10 години работење, фирмата се затвора. Еден куп луѓе остануваат. Иде конкуренција. По ѓаволите. Густо ќе биде. Кај најде баш сега.
Никогаш не е погодно време за конкуренција Ајде Ариел ќе помине, кога ги читам твоите постови си се тешам, си се бодрам дека мора да се издржи... Па ќе дојдат и подобри времиња(ваљда)
Денес се чувствувам прекрасно .. си земав бонжита за голем одмор да не гладувам во школо ..на час си седам , немам некои тешки часови . Уште 5 денааа !! Едвај чекам ..
I feel like a fish !!! се шалааам Денес не сумм нешто посебно расположена ме боли стомак..лошо ми е едвај чекам да ми заврши часот за да одговарам и да си одам дома, премногу ми е лошо !!!
Фала Рејнбоу за поддршката и разбирањето. Мора да биде добро, само со маки Денес сум тапа.Добив многу порано, на 20ти ден. Не знам што ми требаше оваа работа. Тоа што ме вади од кожа е што од време на време знае да ми се измести, и така да добивам неколку месеци. Сеа ако почнам да добивам на 20 дена - супер, пола живот во добиено ќе ми помине
Ариел немаш ти гајле од конкуренција, тоа сум 100000% сигурна А во врска со темата се чуствувам како најголем мооооооооооооооооооооорон на светоооов....неможам да верувам каква глупост направив , ама неможаааам......сакам некој добро ама добро како многу добро, или у подобар случај одлично да ме истепа....не уствари....да ме испотепа....да неможам да мрдам срам да ми биде стварно...срам
Се ми е рамно... не се замарам со ништо, освен со една дилема, прашање што веројатно може да ми го реши мојот работен статус, ама не зависи само од мене. Па, да се биде или не? Ако се решам за првото, ќе биде по не знам кој пат... ама нели, упорноста се исплати? Да, во некоја нормална држава. А второто - не знам, не сакам да го земам како опција, ми изгледа дека ако го одберам ќе значи дека лесно се откажувам. А ако се откажам, јанѕа ќе ме јаде што ништо не сум направила. Ете, изгледа со тоа што си ја отворив душата овде решив што ќе правам... соооооо уиш ми лак!
Фала енца, твојата поддршка живот ми спасила во неколку ситуации... туку ти ме загрижуваш во последно време, ајде оправи се. Анат, не се откажувај никогаш и од ништо. Упорноста и кај нас се исплати. Може не како во нормалните држави де, ама колку - толку се исплати Има и една поговорка на темава што не ми текнува баш како точно одеше, ама нешто као не е работата колку си убав, туку колку си удав Сега оф топик ќе пидам пошто нема поента да се повторувам дека сум тапа. Ќе одам на еден состанок сега, и осеќам дека ќе ме подберат за една недоволно завршена работа кој и не требаше јас да ја завршам, ама требаше да притиснам да ја завршат. Треба да станам по-бич. И да почнам да се облакам како теткица. Вчера саде фаци, костимосани, а ја со едно неозбилно кошулче и сукњиче... и они девојче, па девојче. И после барај да ти завршат работа. Се чувствувам малку хендикепирано затоа што не сум маж и не можам да ги викам по кафани да тераме бизнис таму, и да пиеме и да кажуваме мрсни вицови, и да бидеме на „ти“. Девојче - во канцеларија, персирање, и кога ќе им кажам нешто не вака - така треба, од култура не кажуваат ништо, ама во себе знам дека превртуваат очи. Ај... ќе пораснам. Да се разбереме, не дека 30 се малку, туку меки црти имам на фацава бе ич не сум родена за бич... арно ми викаше свекрва ми учителка да си бидам А и што се 30 во споредба со 50. Се прашувам како им е на тие што рано добиле позиции во животот? Изгубени ли биле? Им било ли страв?
Па тие од дома и најблиските, се наоружани со лекции во главата дека се најбистри, најумни, најпаметни (Blessed with ignorance) и оди па сопри ги! Плус, фактор оптичка мамка - облекувањето како теткици и ете ги - bitch face! Ако Ариел, јас пак мислам дека Baby face и твоите меки црти се попријатни за соработка! Викни им таму!
Фала на поддршката Ариел ќе бидам удав, ќе направам тоа што треба да направам. И да, добредојде во клубот на babyface и меки црти како што кажа Трендафилка... викни таму, не се срами. Ама мислам дека не се исплати да бидеш бич - барем не секогаш...