Фантастично. Последен колоквиум денес плус земав две десетки , како ми олекна на душичкава само да знаете.
Убаво се чувствувам денеска. Иако очекував вечерта да ми е поинаква, ќе пробам да се стрпам (трпението и не ми е некоја доблест) . Треба да се пакувам за мојот викенд надвор од Ск, ама ме мрзи некако. Имам време и утре. Конечно погледнав некој филм, аман веќе од тие сериите, ме уништија сосем. Во исчекување на почетокот на NBA финалето, ми доаѓаат убави спомени од минатото. Се' беше полесно кога бевме деца.
Преладено.Да,тоа е единственото чувство за кое сум сигурна во моментов.Кога ќе размислам и не е некое чувство,повеќе накај прост осет е,али ај сега да не ситничариме.И не треба да споменувам дека само по себе не е нормално,со оглед на календарскава доба од годинава,ама и тука сум немоќна,шта е ту е.. Денеска неколкупати се најдов во ситуација да мислам едно,а да правам сосема спротивно,како на пример сабајлево,намерно излегов подоцна со цел да немам време за да појдам до едно место и оп,не знам ни јас како се најдов токму таму. Велат,се учело од грешки.Да,се согласувам,ама во случај кога правиш една,две или ограничен број на грешки,па во тој случај правилно би било тоа што е спротивно на грешката.Но,што во случај кога си направил 4693265250165883583 грешки,што би било правилно и што би можел да научиш во тој случај,освен дека си роден талент за грешки?!? Ахх,се ми е испревртено,исплеткано,несигурно,небитно и само се трудам да најдам црни и бели точки и барем еден дел,нејмал дел да поврзам некако.Но,се` е сиво и се гушам и се давам во ова сивило како во жив песок.И да резимирам,се чувствувам ни живо ни мртво........
Убаво, и одговорно(книгине ме чекаат,мора уште малку и после ќе се збогувам со нив, па после нови) и сега само наминувам малку овде и заради тоа тажно , сакам барем уште 2 саати да утепам овде, ама џабе.Се на се добро ми е вака, ако не се чувствувам вака сега кога?
Лошо. Имам некој стомачен вирус во комбинација со температура. Мразам стомачни вируси. До сега ме закачиле само 3-4 во животов. Среќа не повраќам, многу мразам да повраќам. Тоа е добро, барем знам дека во животов нема никогаш да имам булимија Да биде пострашно, имам 2 ден менструација која страшно ме исцрпува, како малку да ми се температурата и течната столица Свечено изјавувам дека веќе никогаш во животот нема да бидам на диета. Секогаш кога сум на диета, после 1-2 недели ми паѓа имунитетот, и се разболувам. И ќе речам нема веќе диети, и после некое време ќе заборавам. За ќотек сум, туку ај...
Мотивирано. Се јавувам по огласи за работа, праќам CV и се друго што се бара. Полна сум со желба и надеж, но и верба дека конечно нешто ќе се исплати. Па и време е, мислам. Се на се, топ сум. Одамна не сум била толку мотивирана да направам нешто. А до кога ќе ме држи, ќе видиме.
тооооооооооооолку изнервирано....нон стоп перам а прв пат ми се случува да ми се оштетат близите која,ми се офарба,која се развлечи,која.....
Ужасно... И јас веќе не знам што уште пишувам во темава кога немам ништо убаво да кажам. Се одјавувам од темава додека не се најде нешто убаво
Денес, па може да се каже дека денес и вчера сум се чувствувала најужасно до сега... вчера, ме тепаше невиден мамурлак, предходната вечер не знаев за себе, и многу се нервирам ради тоа... и кој знае кај сум седела што сум праела денес сум парализирана, цел ден лежам, читам за матура, стигнав до 150 страна, што е најтрагично сега почна и главата да ме боли..... Ааааааааааааахххххххххх, а у недела сум на роденден у хард рок.... кој знае како ке се одклепам до таму ако ми биде вака
станав рано значи, и убаво ми беше. си реков ај да полежам уште 15 мин па сум се успала пак а знаев дека ќе ме проследи главоболка знаев и сега ставив капки во нос, уште апче да се напијам... па ќе видеме што ќе се случи