Поима немам. Дали се нормализирам или се ненормализирам оти и нормалното ми се измести од центар ко и ненормалното. Досадно е да човек упорно се вади на лошото време. Уште еден тон шарени партали има да си натнам и ќе се замајувам - со едно, со друго,со трето... Со сите одеднаш, па со ниедно. И така во круг.
Пресреќнооооооооооо. Најтешкиот тест годинава ми помогна за годишната оценка и пројдов топ.Покрај сите непреспиени ноќи трудот се исплатеше.Елајте на кафе коктел кој што му душа сака!
Пресреќна матуранти во фамилија еден куп. Дел славевме синоќа дел за денес. Па дотерување, спремање, весела атмосвера и по малку ме фаќа носталгија што моето мало сестриче порасна ко вчера да беше бебенце. Среќна матура мила моја . Среќно на сите матуранти и сега поголеми успеси на факултет
Никако. Уште 2 саата сум на работа после планирам право кревет да фаќам. Грло отечено, нос растечен, добиено, болки во половината. Се надевам дека за 2-3 дена ќе оздравам бидејќи не можам со вакво отечено грло, боли ептен.
Денес беше убав ден, ни премногу топло ни ладно, таман. Возев ролерки на трката организирана од страна на Стопанска Банка, да не беше некој друг освен мене? Интересно беше, имаа доста спонзори па воедно и доста промоции (сладоледи, мусли, чоколади), музика и делеа награди.
Смотано. Од синоќа навака ептен смотано. Треба да добијам па се ме нервира и се премислувам за секунда. Жена, требаше да пишам ко права жена, ебати јајнициве ебати
Како дека сум на пресвртница во себе, никој не ја гледа новата бура во мојот живот само јас....а таа ми вели да останам смирена....recless and alone..