Прејадена... што убаво вчера, скоро цел ден не јадев, и после бев на мекици и се натупав ко идиот а не ми требаше тоа... оф мори мајко, умот не ми идеееее....
Изморена,...онака срекна без некоја особена причина...А мислев крш дека ке бидам денес после вчерашното излегување
Растурам на сите страни денес Ух полна сум со енергија и сум средила премногу работи што ми виселе над глава
Најубава! Преубав викенд, многу пиење, убаво јадење, веселење, матурантка, студентка, братучеди, другари, сите со своја приказна - јас со моја Навистина, Животот е убав! Се чувствувам среќна, задоволна, сакана, насмеана сум од уво до уво ве поздравувам сите во овој неделен ден, вечер коктелчиња со најдобрата другарка, утре еден рој... Не може да е поубаво од ова
Депресивна .. не сум се слушнала со сонцето 2 дена !! ама ќе издржам . Се чувствувам силна ! Јас ја имам силата да те преболам , да те немам и да не те гледам
Многу тупо некако.Ја знаете песнана од Наташа Беквалац кај што пее учинила би нешто лудо ради реда.Епа ја сфаќам. Јас се трудам да учинам,понекогаш како прееска дури и ми успеа.Ох мори мајко....Ај нема веза,не е ни прво ни последно нешто што сум упропастила. За тие што не знаат(можно е и такви да има? ) чувството е некаков микс на грижа на совест,каење,на моменти јака фрустрираност,а на моменти некое нездраво уживање.
лелеее колку сум само среќна што го прочитав ова од тебе трендафилче ме наполни со живот и позитивна енергија за само неколку секунди со твојот пост срцка си, и секој ден да ти биде вака убав и весел
Поспана сум. А знам дека и утре т.е. после треба рано да станам. Ај си се тешам дека тушот ќе ме разбуди. Но барем не сум нервозна. Си ја сакам мојата „мамичка", мојата другарка, сестра, убавица, Црнокоса... и ја чувствувам тука покрај мене... иако сега е дома и сигурно седи на малото столче во кујната и си поткаснува. Убава таа моја. Дебело се чувствувам. Сите ми забележаа за тоа... Ах ти мое јадење после полноќ, вие кифлички од лиснато тесто и сусам, свински врату и кулену.... адио!
Некако уморна од сама себе да можев да се сменам со некој на ден дваа ааа што убаво,покрај фактот што се снеможив преска којзнае што ми бидна,ок сум фина сум но морам да признаам нервозна сто на сат веќе неколку дена а немам поим зоштоо ,немам нема поим а колку убаво си знам од главава патаам!
Ако знаете како е кога некој ве разбуди со телефонски разговор на повишен тон, и ве нервира ќе сватите како се чувствувам. Ако денот се познава по утрото, си го видов јас моето уште на сабајле !