не дозволувај денот да се познава по утрото ако го почнеш лошо секогаш денот завршува позитивно. меѓутоа само ако ти цел ден не мислиш на утрото. ајде и убав ден од мене
Многу лошо... Многууу, многуууу.... Не ми се верува дека само до пред некоја недела бев толку среќна, се беше ОК, а сега... Пред само неколку дена пишував колку го сакам, дека тој ми е воедно и најдобриот пријател на кого можам се да му кажам... а сега? Не го препознавам! Толку ладен, груб... никаков! Вчера правевме 7 години... ВАТ Д ФАК... Место да е најубаво, најромантично, ние го поминавме во кавги... Ми иде да...
уморна, без концентрација, без мотивација за работа...бројам не саати туку минути...мразам понеделници
разочарана...до немај каде...сваќам колку животот е за некој мајка, а за мене изгледа маќеа ..и колку си бев пред сите, а сега сум поозааадиии и тоа многу... У П.М.
Вери гуд Хих не дозволувам никој да ме унрасположи Како се мења времето така се мења и моето расположение
настинато, не ми се верува надвор е пекол, а јас имам температура главата ми е како балониште, а носот ми е како чешма, нема шанси да прекина да ми тече, ова само мене може да ми се случи
Денеска, освен што открив дека Виталиа станале прави ... тииииит, поради тоа што немаат веќе пакување од 0.5 и 1л јаворов сируп, туку само од 250мл по неверојатно астрономска цена, се чувствувам убаво (освен тој дел). Ме испече сонце, се натоварив цреши и јаготки, и уште отсабајле расипав фен! Ми експлодираше во рака, па кога замириса едно убаво... На целото мое штедење, биваше ли паричките да ги дадам на нов фен? Наравоучение: Не штедете девојки, секогаш на крај парите одат на вакви непланирани трошоци! Пушти таму тоа чергичката, живеј си раат Ете, паметно се чувствувам денеска.
заспано од сабајле,фино заспано,додека си дојдов од школо жешкото ме утепа а сега пред компјутер се ладам и музика....
Убаво, убава и убаво Убав ден, посебен, полн со прегратки, непланираните трошоци како тие на Трендафилче(само моиве за бесни глупости) добро ми дојдоа А до вечер...јухууу...се надевам дека ќе бидам уште повесела
Расположена сум, завршува уште една школска година, почнува уште едно возбудливо лето. Имам 16 год и сакам толку да си останам, се плашам од стареење. Се надевам дека денес ќе си го видам саканиот Имајте пријатен ден женски и не дозволувајте никој да ви го уништи денот.
денеска не знам од каде ми се појави волку гооолема несрвоза, ма вријам и по сиоте цркам и викам хелп?
Расположена сум за муабет, за смеење со друштво ама истовремено сум и многу изморена, ненаспана...ни мене не ми се наоѓа крајот. Знам..
Принцесофддарк. Што сакаш ти да направиш?? Да паднеш година? Пак од почеток? Ајде исклучи се ќе има време и за фемина. Нема анимација со прстот што се кара инаку ќе ја ставев!
Принцезо ти уште си онлајн? Ајде брзо на учење, што е ова? Псттт ... нема неможам Ајде брзо фаќај книга, до тука стигна и сега ќе се откажеш? Последните напори се ова и после уживанција Поздравче мило
од сабајле сум супер расположена, бев на кафе кај другарка, шетав, разгледував купачи. сега некако дремка ме фаќа, а и јас треба да учам