Од 4 предмети по 3 добив резултати. Двата ги положив со 10ка,а другиот со 9. Вечер има да си го одморам мозокот на џез вечер во театарот со @theowndemon . Ќе ви испратиме специјален поздрав не се секирајте дечки. Така да супер сум денес
Под напон. Еден човек од летото на живац ми гази, а појма немам кој е. Морам да комуницирам, кај одморот во Септември ми го поремети, сега и пред НГ. Уште утре, оооо!
Најбезвредно, најништожно, како црв.. Не, како некоја бедна микроба. Неспособна да си го среди животот, завлезена во нешто што ја дави и гуши. Неспсобна да објасни. Да смисли. Изгубено дете што не знае во што да верува. Мизерен и безвреден ми е животот. Единствена желба - да ме нема.
Ми студи. МНОГУ. Како пишувам на тастатура цела сум под јорганишта и ќебиња со едната рака на глушецот и чувствувам како ракава ми измрзнала, не си ги осеќам прстите. Ме мрзи да палам оган, гаааах. Ајде Мони, активирај се!!
Летам во облаци... Годинава ми почна убаво, минатата изгубив драга личност, оваа година добив друг маж во мојот живот. На 26 кажав "ДА".. Чувството е... неможам да објаснам, секој на свој начин доживува.. Утре ќе дојдат по мене.. Срце ќе ми излета..
После оваа случка што ја видов (мислам не ме лажеа очи) се чувствувам срушена. Не можам да верувам ! Зоштооооо???
Super Vreme odlicno, cekam da dojde vreme da odam na Zumba i posle mozda vo mala prosetka. Sama se razbira.
Чудно се чувствувам, фала Лилит на прашање... Како 2017 да беше квантен скок и не можам да си објаснам како се најдов тука во 2018 со сиве овие чудни работи околу мене? А башка што сум во чудна дилема кое е задоволството на мачкава да крие чорапи. Мора да научам нешто од нејзините миговни задоволства... Краде чорап, викаш по неа, нееее, го пушта чорапот во движење и продолжува мирно да оди како ништо да не се десило. Тргаш тросед и наоѓаш брдо чорапи... втф кет?!