Подобро од вчера. Се надевам наредните денови ќе бидат уште подобри. Некако периодов ми е празно каде и со кого да бидам. Запоставени ми се неколку битни личности, се надевам дека се добри.
Прекрасно, и со енергија!! Гледав вчера адаптација на Димасовата “Човекот со железна маска“ и ми предизвика таков бран на емоции, ми влеа некои стремежи кон подобро. Ме креваат вакви навидум ситни нешта.
Безволно, разочарано, уморно, депресивно, како некој страв да има во мене... Преку глава ми е од сите и од сѐ, чувствувам како некоја грутка да ми ја стега душата... Што побрзо нека поминат овие чувства кои ме измачуваат.
Се чуствувам разочарано. Баш кога мислев дека сум здрава после толку режими на здрава исхрана и спортување...шеќерот пак си останал..
Разочарано од некои работи.. инаку онака физички, едвај стојам на нозе. Мислам секоја секунда ќе се струполам некаде
Прилично лошо..работно со пмс, болки во стомакот и половината, инфекција на окото, без контактни леќи, со очила од мајка ми чиј диоптер очигледно не ми одговара