Лошо. Денеска ми го згазиле мачорот и прееска плачев. Дека станав покасно и не знаев за случката па отидов во маркет да му купам виршли.Од кога ми кажаа фацата како што ми беше радосна ми се смени за 180 степени. Ги дадов виршлите на друг мачор и кучето и се расплакав. Како да ми олесни. Ама сега кога се стемни имам негативни чуства ко да уште не го преболев затоа што да беше живо ќе ми спиеше на нозе додека го пишувам мислењево. Јас и без тоа сум осамена а мачето како да ми беше лек за депресијата, толку беше добро.Кога предеше мислам ме лечеше. За човек не би плачела толку колку за маче/то. Си реков дека утеха ми е ако нему му е добро сега и ако нема болки и е нахрането и задоволно, душата ми се успокојува ако е така затоа што сакав да е среќно. Но еве доцна во ноќта и тоа не ми е доволно, ми се јавува некој немир, некој неспокј... Си го сакам мачето назадСамо тоа сакам да го знае сега - дека многу го сакам.
Преполно. Емоции, страв, среќа, љубов, загриженост, се се измешало. Посакувам да можев долго, долго да си поприкажам со некоја сродна душа, битни и небитни работи, онака за душа кажани, да можам да го олеснам теретот.