Па подобро денес, малку поспано..претерав ама ако...денес со подобри мисли сепак во главата. Се надевам на уште поубав ден...
Нервозно. Лев ден.Ги знаете оние денови во кои иако се будите навреме,некако немате време за спремање,фризурата не ви е баш како што треба,но мора да тргнете.Ужасно ви се спие и ве боли стомак,а по пат забележувате дека капачето од штиклата ви паднало,и баш тогаш го сретнувате човекот кој во такви моменти најмалку посакувате да го сретнете.Стигнувате на работа и таму се соочувате со еден куп,нервози,фрустрации,напнати и стресни ситуации...и пак нервози,комплицирани и стресни ситуации,и нервози...и нервози.Ох мори мајко.По некое време ќе се среди се` или речиси се`,но се чувствувате како преџвакани,и тоа преџвакани од некоја ѕверски јака и манијачка вилица.Ги собирате последните атоми од енергија и тогаш ви текнува дека наместо да се опуштите и одморите,по некое време ве очекува средба,за која сте свесни дека е потенцијален извор на нови,дополнителни нервози,Долго време сте ја одолговлекувале таа средба со дотичната екстремно иритирачка личност,но знаејќи дека кога тогаш мора да се случи,пред извесно време ТОКМУ ВИЕ СТЕ ЗА ЗАКАЖАЛЕ ДА БИДЕ БАШ НА ОВОЈ ИСТИОВ ДЕН.Работава,да не е жално ќе биде смешно. Кога ќе размислам,можеби нервозно не е баш најсоодветен збор што ми ја опишува состојбава.
Кога се ми беше розево, се појави таа црна дупка. Од која сега ме заболе глава. Мора да постои некој, што барем еднаш ќе ти го уништи денот...
Па наспано некако се чуствувам,малку уморно,жешко ми е,надвор пекол,врие од горештини,малку главата ме приболува
Нешто не сум добра со здравјето. Вчера ми потекоа нозете, а еве сега пак. Знам дека може да е од топло, ама и друг пат било топло, е мене ова прв пат ми се случува. Читам нешто срце, бубрези... ау не е ваљда до толку... Утре ќе идам да се боцнам за крвна слика, знае ли некоја од форумџиките што се медицински образувани што конкретно треба да испитам? Ова со матични лекари, ова, она сложено ми е. Инаку супер сум си, расположение на завидно ниво.
опуштено и среќно, задоволно од она што успеав да го завршам денес. се осеќам како гасеница што одвај чека да стане пеперутка. полна со желба за да го видам моето сонце но ќе почекам до утре. ах тие негови обрски
Ајде сонце, уште утре па спиј колку сакаш Мене ми помина главоболката, ама мислам дека пак ќе се врати. Не знам што ми стана, земав и јадев како никогаш да не сум видела храна? Дали временскиве промени влијаат врз мене? Зошто навистина не знам што се случува со мене. Де ми се спие, де ми се јаде, де глава ме боли... не знам...
Ме убива сонцево во Скопје... само шетам последниве три дена и тоа по најжешкото. Ама издржав некако, отсега без причина не излегувам. Ќе си се шетам само навечер. Инаку си се осеќам топ... лето е, иако е топло, се ослободуваме од облеката, од килограмите (па фала Богу, веќе не ми се јаде толку поради топлово ), и во петок почнува едномесечниот празник да живее фудбалот! Ќе има седенки, пиво, чипс и навивање (добро, јас ќе скратам на пивото и чипсот ). Ариел, направи си целосна крвна слика, комплетна анализа. Не верувам дека е нешто посериозно, веројатно е од топлото, комбинирано со многу седење/стоење. Млада си за да имаш проблеми со вените, или не дај Боже, срцето и бубрезите.
Прекрасно се чувствувам денеска, со оглед на фактот што 2 дена сум само на течности, ама буквално! И јас едвај чекам да започне фудбалот, не сум некој фанатик, ама сум за дружба и муабетење, онака баш лежерно, а ќе си ставам и некое тикетче, сега на почетокот би требало да испаднат неколку утакмици, па може и мене ќе ме огрее Се согласувам со Анат, Ариел провери си се на докТур што би рекла баба ми во најскоро можно време, јас кога пробудам да се дијагностицирам со симптоми на Google, сфаќам дека ми штети и го вади хипохондричното во мене!