Се осеќам многу осамено. И отуѓено. Многу работи праев за некои луѓе ти за мене ни со прст не можат. Сакам да помогнам на свој ама не можам немам како и не знам од кај да почнам. Само сакам да е се како порано..
Кој знае да ми каже како се чувствувам... не знам. Можеби некој со диплома за тоа. Моите бубачки периодов се лично мои. Се јадам што поминува толку време а ни п од план за второ дете. А со секоја секунда го сакам се повеќе и повеќе. Но паралелно сакам и милион работи, кои свесно или несвесно сум ги одложувала за „понатаму“. Не знам, но прв пат во животот се прашувам дали оваа координата во која се наоѓам, и емотивно па и географски, е она што сум го посакувала секогаш. Дали влогот навистина ќе резултира со плод на крај, и ако да, кога да го очекувам. Сакам и да запишам докторски, сакам да го подобрам и јазикот, сакам да сменам професија (тогаш зошто докторски побогу), сакам да дозавршам второто средно и да си земам диплома, сакам второ дете, сакам нешто покреативно, сакам да пробам да издадам од мојата поезија која со години само се собира, сакам да пишувам и на германски, ... гледате сега со што се борам... со милион желби. Некако многу се плашам дека животот е премногу минлив, а јас го трошам на работи кои што не се важни за мојата душа, туку се важни за да покажам пред погрешни луѓе дека „можам“. Можеби е ова резултат на тоа што дојде време во кое желбите се погласни од мојата можност да ги потиснам. Или пак тоа што татко ми имаше срцев удар па добив една шлаканица од реалноста... дека животот е минлив и треба да се преиспитаме што навистина ни вреди лично нам, и дали среќата е она што општеството ни го сервира, или некогаш навистина вреди да си го слушаме нашето срце. Не ми замерувајте. Некогаш мислам дека и неможноста да се позборувам со некој тука ме прави уште толку потажна. Социјален живот нула. Колега ме одмина вчера на пат накај работа. Ни здраво не ми рече. Се чувствувам тука како жив мртовец. Можеби е фаза, можеби прв пат се соочувам со реалноста овде.. ама од сето ова нешто се крчка.. дали ќе е вкусно или ќе горчи... кој знае. Си купив пијано, и почнав да свирам пак. Си купив компјутер соодветен за пишување, си ја собрав поезијата. Се запознавам себе. Се заборавив овие две години. Сфатив и дека на туѓ јазик не можеш да се изразиш. Не можеш да рефлектираш кој си. Па ете така си молчам две години. Се чувствувам како во затвор. Се чувствувам заѕидана од секојдневието. Замолчена. Заборавена.