Мрзливо, поспано .... Ваљда од времево е, работниот ден го започнав со Лана Дел Реј .. Покасно сменив на на фанк
Денес се осеќам толку бедно што ми иде сама да си го извадам забов..без анестезија а ретко се случува тоа.. Ама не..ќе мавнам некое апче
Цврсто. Понекогаш, кога ми е најтешко, морам да се натерам бар еден чекор да направам, така почнува патот. Позитивна мантра би рекол.
Позитивно, исполнет со енергија и хумор, сакам малце да си ги скротам емоциите и мислите.. Добро доаѓа скромност во тој аспект.
Разочарана, лута на себе си и на сите, како некоја грутка да ме стега... Сѐ ми смета, како сите бродови да ми потонале, сѐ ми се собрало. Не можам веќе вака да издржам. Овие неколку дена се чувствувам депресивно, не ми се прави ништо. Дури немам волја ни на интернет да седам... Ми фали мотивација, ми фали љубов...... Не можам ни вештачки да се насмевнам... Нека поминат што побргу овие денови. Надвор сонце грее, а во мене има невреме...
Денес се чувствувам како во затвор... мој живот а како други да управуваат со него полека како да го губам моето владеење на слободата, се чувствувам како цел свет да ми се руши...