Ако се изостави самосожалувањето,испуканиве капилари,набрекнати вени,кожава која почна да се лупи и да чеша,потењето до 101 и назад,вишокот на килограми,болката во ракава,грчеви во мускулите,кнедлата во грлото...добро сум.
Сеќавања ме преплавија. И онака чувствата ми се ролеркостер последниве неколку месеци, солзи се тркалаат непоканети. Барем ти си добро, а тоа го прави срцево тажно силно да чука од возбуда. Стискам палци за тебе каде и да сум, секогаш!
Одлично. Физички не можам да померам од кревет, со три реза, со којзнае колку конци и болки ама се чувствувам одлично. Ослободена после година и пол борба. Љубов и прегратки до @WildMk за поддршката во сдк. Ме купи како човек, ти благодарам.