Некако чудно, а сепак убаво. Затворениот прозорец ме гуши..................... тоа го решивме. Билбили се слушаат надвор, тие и ме разбудија. Ете тоа е будење. Просто и во него да уживаш. Без стресови од бучни звуци, крици и слични глупости кои доаѓаат од мобилниот или евентуално од будилникот. Тушот ме чека. И мене ми фали... гел за туширање со мирис на тропска шума. Ах... колку го сакам летото. Но ладовината под сенка ми е помила.
одличноооо... се разбудив со одлична вест сестра ми ми кажа дека го положила и последниот испит што значи ке има журкааааа среќна сум за неа и многу си ја сакам
Па.... 3 ден од мојата голгота со нејадење. Ама одлично се чувствувам засега, бре инат - детиште, ми текнува на тој цртанот кога Магаренцето сака да бидеееее.... ПЕПЕРУТКАААА!!! Ете така се чувствувам, од магаре - пеперутка. Вчера си купив карта за Sex&City 2 конечно, вечер одам во кино! Се кријам од топлово, ќе си гледам филмчиња и ќе дочитам некоја книга од започнатите 5. Убаво се чувствувам. Фала на прашање. FEMINA е првата што ме праша денеска.
Уф,па ни јас не знам како се чуствувам,некако безвеза,сама сум,ми треба друштво... Така некако тажно сум..
Namali sol vo ishranata,a ako sedis po 8h na rabota i od sedenje na stolce se desava (ova e moe iskustvo). Ne e strasno, mozes cisto informativno da napravis analiza na mokrakjata... pozz
Со оглед на тоа што од денес сум на распуст се радувам, и хепи сум , и не знам што побрзо да направам па затоа пишувам овде И пак си почнувам со тренинзи после мала пауза
Ужасно нервозно и расплакано Крај со крај не можам да си соберам. На 18 години сум на работ со нервите. Единствена утеха ми е тоа што има кој да ме сфати и ислуша
Хипи, за слушање нема да можам ама ќе можам да те читам...Па ако ти е така полесно... ________________________________________________________________ Јас, денеска имам измешано премногу чувства, всушност ни самата не знам... Од една страна се чувствувам среќно, 10 јуни е, па кој ученик не би бил среќен? Од друга страна ќе ми недостигаат некои фацки од школо, кои нема да ги видам цело лето. Не обични фацки, фацки кои ми го правеа денот подобар, фацки кои можеа да ме насмеат и кога ми беше најтешко. А знам дека тешко ќе стапам во контакт со нив летово...Па ќе си чекам до септември... Се чувствувам и празно поради некои себични личности. А како и секогаш на врвот на шлагот се наоѓа јаготката, па кај мене таа претставува настинката Цела зима не се разболев, во сред лето...Абе ајде....сега сите ќе излегуваат...јас ќе седам дома... Е не може така...
изморена, преморена цела вечер не сум спиела ми паѓаат очите ама морам да издржам после убаво поминатата вечер, кафенце со прекрасна личност , топло креветче со мојата љубов ... гушкање до утринските часови ... па вреди овој умор денеска
Преморено!!! Го извртевме цел град со зверот по тоа сонцето... Уфффф... Но бар добро беше што не се испокаравме пак. Може ли да се среди се?? Којзнае?!
топ цел ден со дечко ми гушкање милување, просто на топлово се лепевме еден до друг се препотивме ама љубов е љубов. се немавме видено некој ден заради обврски али денес надохнадивме и се осеќам топ најубаво најволшебно. ех што ти прај еден поминат прекрасен ден со особа која стварно ти значи полниш батерии максимално
Сите со љубовта...ахх ви завидувам девојки...а јас....јас се чуствувам онака кежуал по дома... Сакам да е до мене да го истискам до максимум, да му шепотам на увце...а тој ...хмм.....само спиееееееее.....малце на нерви ми оди така да во репертоарот влегува и нервозна,..замислена... Е па тоа е тоа...завршницата на овој ден...секојдневно се чуствувам..
Исцрпено...Станата сум од 6 и мислам дека веќе сум при крај на силите. Мавам еден туш и го фаќам креветот што е можно поцврсто
Фала мило. Додуша има и кој да ме слуша, ама мило ми е што би сакала да ме исчиташ Иначе сеа сум поарна. Опуштената вечер со муабет, грицки и пиво супер ми дојде
Ко да сум во ПМС, и вчера и денес - се ме нервира... а не сум во ПМС, пошто вчера ми дојде... ем во жештиниве, ем ми подрани. Зошто мора во лето да имаме менструација? И стварно се нервирам што ми дојде порано, еве веќе втор месец по ред. На сите им доцни, мене ми подранува.. ама ако... поарно така, отколку да мислам што и како И да, хепи сум... ќе си го видам мојот златен Охрид, иако само на викенд... е така ќе биде отсега натаму, чинам