Никако... Разочарана сум од се... Никогаш нема да почувствувам како им е на оние што имаат семејство и се држат заедно.. Мене никогаш брат ми не ме прашал како сум, дали ми треба нешто, 7 години живеам во Скопјево, ни еднаш не дојде да види каде седам,дали имам пари за сметки.. Никогаш несум побарала ништо... Сакаме свадба во Март да правиме, он и снаа ми не сакаат, трошок било, требало фасада да се става, внука ми е матуранка следната година, и немало пари да има.. Мајка ми има кредит од 2000 €,немало да стигнат тие пари за свадба .. Имаат пари, не дека не, одат купуваат скапа облека, намештај ... Сега за мене нема... Незнам што да правам, сакам да се видам во бело... сакам и јас невеста да бидам, да ме земат од дома... Дали да ме фати инат да правам свадба или да се помирам со судбината и да се откажам од свадбата... Тешко ми е
@Starlič немој да се нервираш и да се разочаруваш обично за сите свадби има вакви глупости. Јас бев помеѓу два огна полудев одвај чекав да се заврши се но на крај свадбата испадна одлична. Како ние така и нашите се под еуфорија и незнаат што прават ама ке се среди се, ако не ви се брза можете и да ја одложите малку или остај малку нека се смири тензијата и со убав разговор ќе се среди се. Не дозволувај за најубавиот ден да се нервираш за се постои решение ако се отворат сите карти. Ајде опушти се и не се замарај некој ден за свадбата
Ти благодарам на советот... Веќе еднаш беше одложена бидејќи на свекрвата и почина брат, два дена после свадбата на золвата, во јануари ќе биде една година, чекаме една година да помине тоа, па да закажеме свадба.. Свекорот и свекрвата сакаат свадба и имаат финансии, имаат и моите, но многу се скржави, не им се даваат пари затоа не сакаат... Пари за се се има, само за мене не.. Мајка ми цела куќа му ја препиша нему, јас ништо не добив... Заслужив барем една свадба, немора да е кој знае што..
@Starlič Знам дека не ти е сеедно сум имала и јас многу ситуации кога сум мислела дека мајка ми не ме сака но мислам дека тоа не е возможно. И јас се карав пред мојата свадба и прашував зошто ме родила и сакав што поскоро да си одам. Нооо може ќе се оладат односите со дете родител, (и јас сум пораснала настрана од моите и мислев дека не ме сакаат), но на крај како тие што може да не сакаат и да се жртвуваат за нас никој друг неможе. Верувм дека се ке се среде пробај со убаво ќе видиш дека се ке се среде
Жалосно разочарано депресивно безизлезно безволно.... Ако има некое апче да ми го подобри расположението нека каже некој.
Џабе изгледам ко за на црвен тепих, кога се чувствувам најлошо....кога во своите очи не сум убава,а мислите ми се тешки не помага шминката....барем не за душава