Безволно немам желба ама баш за ништо. Депресивно со лоши мисли кои ме вртат во зачаран круг. "Нека завршат сега и веднаш,бека дојдат позитивни мисли и ведар дух"!
Возбудливо ми започна месецот со очекување на една работа парче хартија која ќе ми го смени животот..
Денес како што гледам сонцето си царува надвор(иако е студено), па тоа ми дава мотив плус да ја тргнам сликата од завршетокот на минатиот ден каде за влакно избегнавме сообраќајна несреќа,на непрегледна раскрсница,се се случи во дел од секундата,а таа секунда у главата ми траеше вечност.Среќа во ,,несреќа''.Ги форматирам тие мисли сега и продолжувам да уживам во светлината на овој краток зимски ден.