Безвеза се осеќам. Не сум спана како што треба (не дека сега ми се спие) и се надевам дека ќе го решам тестот пред да ми се приспие....
Супер по сабајле Си се наспав а штом сум наспана и денот добро ќе започне и да се надеваме дека и добро ќе заврши
не сум наспана.овие жештини не ме оставаат да спијам цела ноќ. а згора на тоа очекувам порака или повик али никако да стигне...уффф
наспано уф се наспав не да се наспав се преспав, а и малку нервозно немаме притисок па во топлово се вариме и тушираме капка по капка леле ќе прснам летово од нервоза за вода и туш
Многуууууууу убаво, исполнето,.....преубаво..најпозитивно..одамана не бев вака се чуствувала...валда сите овци ми се ан број...Љубовта ми ги наполни батериите,..си пиев кафица со мама,....ахх животот е убав...ситниците си го прават своето
Па нерасположено се чуствувам,не сум нервозна но не сум расположена денов ми е тапа некако,сакам да се расположам,ама не ми успева па вројатно ќе ми помине тука на форумов,а и воопшто,може ќе ме насмее некој
денеска онака сега пред малку гледав солзи и смеа и се скапвам од смеење гордана10 гледај ги овие ненормалниве и одма ке се расположиш
Хмммм, како ли? Во најголемата жештина бев да платам сметка во Телекабел, и откако ја платив, дознав дека не сум била исклучена , туку имало квар во целата населба. Важно јас сум совесен граѓанин, кој подмирува сметки со време. 5ти ден нејадена, јас и сирупот - BFF's , кај одам јас, таму ме следи и шише јаворов сируп. Се чувствувам добро, можам да кажам дека најголемата криза ми беше третиот ден, но помина. Уште само да имам вага да се измерам. Не, не се мерам на туѓи ваги од принцип - не би сакала да им ја расипам! Готово, почнав да бладам, ќе ме нема некое време... Си легнувам со шише до мене и мафијашки филм
уфф жеско ,малаксано испотено уфф овие жештити а само што започнааа како ќе ги издрзиме цело лето спас ни е само некоја плажичка со коктелче, ке биде и тоа
Летам слободна ко птица, пеам силно на цел глас.... Ете така.... баш ми е убаво. Сто и една без празници