Навечер сум онака, да не речам тапа. Изморена, и со споени жички, кои фрлаат искри, а маж на тоа ќе направи гуш а синко цмок и ќе помине.
Се уморив од сабајле со глупи балкански глави што немаат чувство за водење бизнис, ни работна етика... може денот да заврши.. Уморно се чувствувам..преморена сум од објаснување и молење ...
Ми текнува на оној филмот со Голди и Мерил..за вечна младост и убавина...коа се распаѓаа, па се лепеа една со друга. Јас сум у лепечка фаза.
Форумов ми стана одлично место за споделување чувства, без оние ботови и тролови на други форуми Денес, преморен. Почна пролетното вежбање. Утре пауза, вторник повторно тренинг.