Исто како вчера... додуша, малку подобро ама сепак нервозно... едноставно, не ми влегуваат некои работи во глава. Ама таква сум, што да правам? Допрва да се менувам? Ми велат дека треба да бидам оптимист. Е па бев... ама некако полека свртев на песимистичката страна... уффф... мразам што сега чашата ми е полупразна наместо полуполна... држете ми среќа, ќе се потрудам со други очи да гледам на ситуацијава... иако плусовите се далеку помалку од минусите...
^^ Јас ти ја пуштам целата среќа Анат да успееш во се' што си намислила. Вака од постовите што ги читам имам чувство дека си многу трпелива и трудољубива, а тоа се особини кои многу ги ценам. Се' што е твое - ќе си дојде. И мене често ми велат дека сум песимист, а јас кусо враќам дека едноставно сум - сурово реалистична. Денеска се чувствувам убаво, смирено, ги завршив сите обврски по дома, да и помогнам малку на мајка ми. Спремам една забава и на два чекори пред неа , женската вечна дилема - немам што да облечам???!!!!!
Благодарам на поддршката Трендафилке, се надевам и јас дека ќе успеам... па ако треба, и со глава в ѕид ќе одам!
Опуштено... вечер имам покана од моите другарки од школските денови на едно вечерно дружење ...после толку години се организирале па да видима што ќе излезе од сето тоа .
Па онакаа,не баш претерано расположена поради времетоо али океј е,не не како вчера џД позз до ситее ве гушкам
Ко компир варен Уморна сум, зошто станав рано поради глупавиот испит, на кој ми се паднаа најневозможните прашања. Се чудевме минута две со колегиве што не снајде, и видовме не видовме, почнавме да пишуваме. Не очекувам повеќе од 8мица, ама ми е гајле! Апсолутно ми е гајле. Ми недостига сестра ми, три дена е кај дечко и, а јас пробувам да издржам Сизифовски да не ми падне емотивен камен врз глава. Си потплачувам на моменти, ама ако. Еден дотичен ме покани на кафе... Премногу сум уморна, премногу за било што. Марфиев закон, тоа ти е.
"Силувано",избодено,измалтретирано...поспано,безживотно,не знам каде сум...спиев,сонував рандом машка особа врз мене,многу страст и бело кученце.Се чудам на својот мозок на моменти. Без апетит. Пасошот ќе ми биде дури за еден месец,а еден веќе помина. Денес ми се смачи од него.Кога тој е во прашање се е важно,кога јас сум,па и не е така важно,може и да умрам,не е страшно,страшно е што го боли стомак заради лоша храна рецимо.Напорен ми е на моменти колку и времево...колку и да го сакам,сепак сама сум си поважна.Нека оди по ѓаволите...ноќеска имав тахикардии,не можев да спијам почна да ме гуши,ми рече...ништо не ти е...за потоа да ми рече по телефон,знаеш прееска шо ме болеше стомакот,од кикириките ми беше...МНОГУ МИ ГАЈЛЕ!!!!ИЧ не ми е,ИЧ!Слепо црево нека е,бог нека ми прости,ама пенис и лева града не ме боли! И лето и се нека оди по ѓаволите! Имам за книжење...многу за книжење...денес 15,краен рок,плата!Биде и тоа!Нареден месец пак! Упорно си го истурам кафето по кревет,од тацна ми се цеди...нека се цеди.Денес ќе си бидам прасе! Ми требаат промени...убави,сочни промени,а немам сила,а и ме мрзи за нив.Имам нереализирани средби,но исто ме мрзи да ги остварам. Орбитрек сега...а ти скапи од пораки пишување!Денес се сакам само себе,саааааамо себе! Лил,смачкана,ама полна со себе! P.S.Шилејка ме претркала,ме *сопна* при праќање на пост!
Денес ништо посебно. Океј сум, просечно добро, ништо не ми е. Не знам веќе ни што музика да слишам. Ко пасив сум. Само јадам. Од испитчињава? Ам ако е за така Скопје ќе се напрам краветина. Уууиии не е на арно. Денес не знам шо сонце грееше. Некако матно е. хахах не знам веќе шо зборвам. Ај вечер ќе седам да учам. Латински.... ах леле... колку само мразам анализа на реченици -.-
^ Добре дојде во клубот на мразачи на анализа на реченици (колку пати НА напишав?). Топло се чувствувам. Ракче мало...