тудеј... ај ем... гууд денот ми помина убаво... со неколку испади ама дека ги сакам сите кои ги сакам... ок е и се чувствувам заљубено... среќна сум кога ќе ми покаже дека ме сака навистина
Се чувствувам многу жешкоо, сите спијат јас како вампир куцам овде, ама не се жалам , уживам кога сум на фемина, благодарение на жешково време.Пет минути се потам 10 ми е таман, после 10 минути ми е жешко , 5 таман, е ајде да те видам заспи после.
Како камион да ме прегазил. Подвижна рингла уклучена на најјако сум. Повелете, спржнете нешто. Или пак сакате кафе?
После цел ден акање на цврстата жештина-спржено Си ги чував моите голи места со кремче со заштитен фактор(кои баш изобилуваа ), ама кој к****, пак сум рак црвена. Стомаков ми клацка од вода и други течности, го отспав цела попладне, сега се истуширав со ладна вода и се освежив, и можам да дремам тука. Денгубам по цел ден И така се чувствувам , безработно
Изморено Како ми тргна секој ден излегувам кај 18-19:00часот и си идам ова време.Сега единствено што би сакала е една добра масажа
онака се чуствувам досадно зар ова луѓето уште се по факултети па ајде ние завршивме уште на 15 мај нека си дојдат нема каде да одам на гости
Никако, изнервирано исфрустрирано...Прееска дури ќе заплачев каде што не треба. Не знам како се собрав.
Status quo - а како поинаку? Уште со бубачките, уште барам начин да излезам од кашава... за мене е каша, а за другите - па, другите немаат поим што ми се случува. Уф, понекогаш ми е криво што немам кому да кажам што ме мачи без да ми соли памет или да ме осудува. Грев ли е што сакам некој да ме разбере? Едноставно, не ми е сеедно... ниту пак ми е лесно да сфатам дека веќе не можам да избегам во мојата собичка кога ме мачи нешто... од септември се се менува, ама чувствувам дека уште од сега е сменето се... барем јас се променив, само не знам дали е на арно или на лошо. Веројатно времето ќе покаже.... Мразам што топлово време ја буди оваа филозофска жичка во мене... уште малку ќе ми дојде некоја инспирација, може и некоја песна да излезе од перото мое. Не ми се допаѓа тоа - пишувам, творам само кога сум несреќна, кога имам голем проблем, кога ме мачи нешто (или кога требаше испит да полагам, ама тоа време помина)....
Прво да не заборавам, Ани оди во екстреми со аватарот - од секси девојка, стави детуле! Ако де Како би се чувствувале вие кога подготвувате забава и дознавате дека не може да се намести озвучувањето? И имате порачано торта, а вчера санитарна инспекција ја затворила слаткарницата??? Јас со оглед на околностите се чувствувам добро, да се случеше ова пред некоја година, во ќоше ќе кубев коси и ќе ронев крокодилски солзи. Сега само внимавам на себе, да не ја дочекам журката утре со една нога или рака во гипс.
Во дилема.......ради љубов! Не ни отидов да полгама испит на факс......не сум спијана една добра недела!.......А што е уште полошо треба да ги мамам дома демек сум отишла да полагам.....
Трендафилче јас имав аватар со рака и гитара другата ани сум по новата така да се искажам а кај другата анннии си стои тој аватар