Кога си во женски луд период,подивен од хормони,ни море ни ништо не помага. Во вакви денови сакам само дома!
Спокојно, како сè да ќе си дојде на свое место. Не знам до кога ќе ме држи овој мир, се надевам ќе потрае..
Осамено. Да не беше осаменоста можеби никогаш немаше да се интересирам за некои работи, немаше да знам работи кои ги знам, работи кои ме прават тоа што сум. Од неа можи многу да се научи, да се инвестира во себеси. Колку што е лоша, толку е и добра.
Како мајка ми да нема давано постапалки кога сум проодела.. Несмасно. Од кога сум станата само нешто ми се случува.