Релакс... се ми е рамно... супер што синоќа Лејкерси победија Си бев на супер концерт синоќа, се изнаиграв, се расположив, па спиев како топ кога се вратив... и би требало по дифолт да се осеќам супер... ама не ми е се така супер... сакам да имавме опција delete во главата... барем да забришев и да зачистев малку во архивата, оти се ми е така несредено и хаотично
Абе не знам што мие,повраќам како луда,изнервирана сум не знам и јас зошто,седам читам по форумов а имам толку за учење,не ми се прави ништо.Ми се спие,ама некако не можам да заспијам нонстоп мислам на факултетот,како бубалица сум станала...Ај доста е. Во главно се чуствувам бесно...
Малце се оладив... добро е. Опуштена сум затоа што ми завршија полагањата, а истовремено мноооооогу нервозна. Којзнае што направив!
Почнува да грми, па радосна сум, белким ќе заврне. И добро се чувствувам после неспаната топла ноќ, после смешките од брат ми во 3 ноќеска, релаксирано, мирно, тивко сум. Ко бубалче
Фино ми е! Пиев осумдес кафиња,се изначитав,се изналегачив,се изнаспав...ми направија и убаво изненадување. Сведок бев на зачнување на нова врска,иако не ми одеа како пар.Добро е,дечкото на крај се избори за тоа што го најмисли иако јас и мојата придружба малце му закваривме намери...и не,музиката не направи да не се слуша муабетот,тоа така вас ви се чинеше,кај нас,случајните сеирџии кои се договаравме каде да продолжиме,се ни се слушаше перфектно.Уште малце и аплауз што не дадовме после првиот бакнеж оооо толку намолен!Друго...не ми е јасно,зошто откако еднаш девојката ќе даде бакнеж,за вториот,третиот,четвртиот се тргна и нечка?!Готово сестро,касно ти е да се правиш недостижна,оде воз у кукуруз,се подаде!Нема назад...и така...бевме индискретни,ама сеирџиска душа расположена,не злонамерна,туку баш разнежнето љубопитна...ни се простува. Се подисплашив,па се смирив...ме смири...му дојде нешто како дождов попладнево,освежително.Нов и среден,малце зазреан,пожолтен де,не многу.И фино ми е што...ете повеќе немам еден лицемер во животов...Некаде малце недостигам,добив едно срамежливо...ми се допаѓаш.Хи! Оооооооооооооом....разум! Јадев...пола комбиниран во седмица...жива се изедов после,совест ме нагриза ко киселина.Готово се здебелив!Ама ме убедија...тоа е...фалеше човек за другата половина,не издржа срце јуначко.Ќе си умрам ем гладна,ем дебела (татко ми вика релативно е,а кога ти си во прашање е обратно пропорционално со тоа што го гледаш во огледалото,тамам си...пих!Што знае тој...)ем изедена од совест... Спасив едно маченце од целосно прегазување,иако ноџето му беше веќе повредено...жал ми падна за шуглето,да не беше шугле,да немав веќе еден посесивен мачор и едно што чекам да ми пристигне,ќе го вдомев!Сеуште ми текнува на детската песничка...мјау,мјау,каде ли си мамо?!Мјау,мјау,сакам да те видам...и ми одат солзи,навистина.Како малечка си плачев на песничата,веројатно се доживував како маче,па ми текнуваше колку мајка ми ми е исконски потребна и дека нејзината загуба за мене е сигурна смрт,во било кое значење,дали умртнувавње на емоции,нивно осакатување или навистина смрт,иако за второво немаше шанси,ќе имаше кој да се грижи за мене...ама сепак...мајка ми ми е светот,заедно со татко ми...прееска и го направив муабетов на другарка ми...ми рече,ноу веј,ноу хау,тииии?!Да,дури и јас знам на моменти (често,мојата емотивна природа се крие под прст дебел челик)да се почувствувам како напуштено маченце... Утре договорив кафе на кое не ми се оди...јбг...а идниот викенд....ууууууууух едвај чекам! Лил...заљубено насмеана!
денескаааааааааааа....? расположено, напиено малку... па викенд нели? заљубеноооо си го сакам дечко ми мноооогу.... си се сакам самата себеееее ..................... уффф си се сакам како појава па и сите кога гледаат во мене додека поминуваааам си се обожавам
НАСПАНО! Само не знам до кога? Малце ме стегаат некои точки на љубомора и посесивност.... Ми доаѓа да истепам некого
Се подобро и подобро. Не спиев како што треба, станав рано, ама после кафето, весникот и малку праски, ми се чини дека можам да дишам. Испланиран ми е денов, мирна сум...
Никако, нервозно, плачливо, дали пмс или што е ама мене ми се иде вака Многу се разочарувам како иде се повеќе, не знам дали ќе се издржи или ќе треба да се зафатам со една работа која доволно долго ја избегнував
Многу ми се спие ,само се излежавам,некако како мрза да ме фатила,покрај тоа се чуствувам како во рерна да сум ставена и се печам,жешко ми е,ништо не ми се прави...се замарам со мислење за работи кои можеби и не вредат за да мислам,се замарам со глупости на кои не им наоѓам крај,не сакам да мислам