Изморено, смачено од скоро сѐ. Интересно е како, иако го избрав овој пат, тешкиот и далечниот од родната земја, во потрага на подобар живот на фамилијата, во ваквите моменти на тага, беспомошност, хроничен умор, единствено се сеќавам на убавите детски спомени. Чувството на слобода, на 0 одговорност пред светот, далеку од очите на животната суровост. А сакав да пораснам.., да бидам независна во секое поле. Тоа време дојде, а јас иронично, се сеќавам на среќните моменти од основно и средно училиште. Кој би помислил. My advice kids,- уживајте во секој миг од детството, радувајте се на секој разговор со постарите, бидете благодарни што сте во можност секој ден да го поминувате со најблиските. Кога и да сакате. Not like me. Годините минуваат пребрзо. Животот си оди без да живееме. Because at the end, everything fades.
@Justify шо убаво го кажа ова.. инаку, денес занигде. Се' што си планирав за денот, ми пропадна скроз.
Ужасно ми се плаче. Колку повеќе се трудам за нешто толку не бива, а кога не се трудам се ми иде од рака.. каква иронија Ама ке биде сѐ со позитивни мисли Што би рекла баба ми, удри бригу на весеље
Одлично. Најадена и наспана. Среќна, исполнета. Убав ми е денов без некоја посебна причина. Ја наоѓам радоста во себе.
Разновидно Смрзаната,гладна никако да се разберам со луѓево озбилно си го имаат сватено она "купувачот секогаш е во право" и е, ама не може ем врвен квалитет ем ефтино. Од друга страна па една многу сакана особа ми ја топли душава ми внесува позитивна енергија и ме прави многу среќна. Измешани чуства измешани емоции
Разочарано. Преку глава ми од неговите изговори - па уште и префрлање вина - доста ме напнуваш, престани веќе, пак напна. Извини сварно што те напнувам да не седиш до 9 на раб и да доаѓаш да го видиш малиот 5 мин пред да заспие. Ама работата е побитна - поинтересно е него да дојдеш дома и да фатиш да работиш нешто. Малиот е мој - очигледно во чеизпт го имав некаде. Ах судбино - што ти згрешив...