неубоо вчера бев на забава кај другарками до 4 сато ии бешее ептен лудо ама денес цел ден сум заспана и лошо се чувствувам и плус ова времевоо уште појке ме тера да спијам
Нервозна и злобна злоба и горчина во мене контрадикторност на моменти сите ги сакам и си свиркам...Оф боже незнам дали е до мене или не ама ме нервира нечија наметливост некако сум со поизразена индивидуалност и сакам да си кројам по мои мерки ,и да си правам како мене ми одговара не да се тегнам како друг ќе ми насочи.....Несакам да се врзам пријател дечко жена дете неќаааам ,а бев ок до преска сега мн се напнав од причини само за мене познати уфффф
Вечерва се чувствувам...ОПАСНО! Ха, уште една овца ми фали и можам да ги турам в планина Стварно, не најдобро, ама тоа „опасно“ важи. И ќе се соземам јас, можам.
Љута сум денеска... не ми врати на пораката....и после кога сме заедно......грачи...да ми праќаш пораки секој минут, сакам да знам кај си и со кого си........ .......... е НААА...шо ке праќам....тој филм не го гледа повеќе....нека страда...
Сакано, среќно. Не се мрднав од креветот, времево милина, цел ден си одмарам. Сега си дозволив две бајадери, и ќе гледам филмче. Кое мрзливо мече бев денеска... Убаво ми е на душата, среќна ,
сакам да излезан на балкон и да вриштам колку што ме држи гласот.......ама ќе ги алармирам комшиите ај гревота се нека спијат понекогаш едноставно животот ги реди коцките во спротивен редослед од оној кој ние го посакуваме, па не ни преостанува ништо друго освен да го прифатиме тој тек на настаните и да речеме тоа е судбината таква ми била ....немоќно, без можност да променам нешто, едноставно во мат позиција во која можам само да повлечам потег со кој колку толку нема да излезам тотален лузер и ќе речам ја донесов најдобрата одлука од оние кои ми беа на располагање и храбро се борев до самиот крај вечерва сум му лута на (не)времето, поради него испаднав размазено детиште кое се зафркава, несериозна личност со каприци и лигла....не не сум лута БЕСНА сум, кога конечно нешто што посакувам ќе можам да го зграпчам ми се лизга од раце повторно и повторно.....каква иронија, каква нефер игра на судбината е ова??? вријам во себе, а однадвор сум ладна како мраз, научив да се контролирам и успевам да се воздржам да не експлодирам.....незнам до кога, но знам дека тоа нема да донесе ништо добро, затоа продолжувам понатака....можеби овој пат кој ми се затвори е знак дека ќе се отвори нов пат....ќе стојам на раскрсницава сеуште но незнам дали да чекам знак или да ја следам интуицијата и да се обидам сама да започнам да пробивам некој од патиштата... само едно се прашувам зарем морав да бидам толкав баксуз??? морав ова да го кажам некому, а како и секогаш фемина е тука да ме ислуша, мојот виртуелен дневник