Ролеркостер од емоции. Ама баш. Без паника, ама се трудам да не читам многу на главната ни тема зашто аман. Не можам со глупави размислувања на луѓе, уште еден пост дека нема тоалетна и ќе натепам некого. До тоалетна ви дошло, земете замијте се, и после едното и после другото раце секако треба да измиете. Тука надвор е апокалиптичесто, 30 пати се премислувам дали е добро што останав, или требаше да се потрудам да се вратам или не знам, дали треба на сосем 10то место да бидам. Па после имаме reality check момент, не, тука си, со причина некоја, ќе видиме зашто за некој месец валјда. Другарка имаше ставено на инстаграм Those who are quarantined home or near friends, please stop complaining some of us are alone and can only talk to the boiler. Кај нас нема бојлер ама сијаличките у соба вршат работа. И така. Другиот е благо испаничен на друг континент, тек таму која журка е. Секако дека ќе помине, и секако дека ќе го преживееме, барем повеќето, и валјда ќе ве вразуми. Малку е иронија на универзумот дека баш имаме прилика да се осврнеме кај сме и што сме и како индивидуи и како општество и да сфатиме дека битно ни е што доаѓа пролет и ни се ужива на сонце а не дали 2ра кола ни треба во домаќинство од 3ца во кое 1 и пол човек вози.
Нема надеж. Нема да има подобро утре и свесна сум за тоа. Си го знам ова одсекогаш, само денеска немам сили да кријам повеќе.
Работа имам преку глава, но мило ми е што е така. Реалноста не ја бива деновиве, подобро да си се внесам во мојот свет
Ајде позитивно ... Изгубено е само тоа од што сме се откажале .. Прајте шо мислите Само со памет и внимание