Си бев до кај моите си ги видов и ми се исполни душава..мајка ми татко ми и баба ми.Ги немав видено цела недела..
За чудо и за промена од претходниве денови, позитивно и весело. Можеби дека прв пат неделава станав наспана, а порано.
Веќе паѓам психички, тахикардија ми чука на врата. Не можам веќе. Слушам Колдплеј ама ме докрајчува и тоа. Сакам да можам од кожа да излезам, не можам веќе.
После ова видео, ужасно... Ми се расипа денот од вакви идиоти.. Штип бил мирен град.. утре посабајле.. https://m.facebook.com/groups/116978042283510?view=permalink&id=559669178014392
Уживам во ноќта, темницата, тишината. Само тогаш се чувствувам мирно и заштитено. Останувам будна подолго за чувството да трае. Деновите ме вознемируваат. Ме плаши светот. Ме плаши иднината. Ме плашат одлуки.
Би сакала да можам да ја фатам за рака и да си ја донесам дома. Срце ме боли, за неа ми се крши на милион парчиња.