Мачно. Стегната ми е душава. Чекам важна информација денес, ама имам лошо предчувство поради тоа што многу доцна ќе ја добијам. Да беше на арно ќе ми кажеа и по телефон. Оф, како ќе се преживее денов. А обврски - милион...
Ме боли главата некако. Тапа ми е ептен. Само сакам да одам да си легнам, да одморам. А и некако немам работа денес, се си завршив вчера.
Баш мислев дека денеска ќе биде убаво времето ма ама дождот ми ги смени сите планови и цел ден сум како ненаспана ама нека уште ме држи убаво расположение од викендов
Ма се осеќам издепилирано хахаха шо кажав.Ај невр мајнд Важно ги тргнав лентите по 2 пат во животот и сум многу хепи ко да го тргнав најголемиот камен од моето срце.Ај сеа 2 недели раат после пак бричот му е мајката лентиве премногу болат
денес сум како времево, мрачна , лигава и монотона... имам пречувство дека цел ден ќе ми биде во лежењеи јадење.
Денес? Изнервирано до даска,фала на прашање оти никој друг не ме пита како сум... Само зборуваат како им е нив...
И кај мене истата ситуација - што ги мачи нив си кажуваат, а тебе ко те е*е Денешниов ден е ужаааас - како и времето така и јас
не знам... добро-лошо, расположена-нервозна, вљубена-одљубена ако продолжам вака, ќе треба сите антоними да ги пишувам