Изморено. Си го потрошив адреналинот денес за нешто за кое мислев дека требаше да се случи денес, ама било утре. И сега ќе барам лек во кафе.
Пресреќно ! Станав тетка луѓе , ќе полудам од среќа ! Двајцата се добро и тоа ми е најважно во моментов . Леле буцко теткин , колку ме израдува денес не си свесно сеуште , на тете убаво . Утрово кога ми се јави мајка ми , ќе заплачев од среќа . Па пред два дена се видов со сестра ми , и немаше ни ал ни абер за породување а веќе денес ми го разубави денот . Оставив денес да се одморат и двајцата , а утре им одам на посета , бар низ прозорчето да ги видам само на 5 минутки , не барам повеќе , да ги изгушкам и двајцата .. Фала ти Боже , што ни ја шириш фамилијата , дарувај им на сите вака полна куќа љубопитни очиња и палави дечиња .
Во главата се ми е измешано дури не знам ни што чувствувам моментално. Би требало да сум среќна бидејќи со месеци го чекав овој миг, да дипломирам. Вчера успешно поминав на бранењето на дипломската иако лошо почнав со презентацијата пошто бранев онлајн и се случија некои технички проблеми, ме фати трема. Но сепак тажно се чувствувам, нервозно дури и гневно ама не знам зошто.