не реков дека од тоа ме болело,туку од тоа дека ми поминало....па баба ми побаи,уште од бебе ме носеле таму зошто многу ме фаќат уроци,и одам 5 мин работа и после сум како нова...
анннни абе дојди кај мене јас тебе најдобро знам да ти побаам.нели е така? miss u to иначе денот ми е досаден и ме боли стомачето
ахахааааа...како не ти ќе дојдиш ти си на ред.....и ај да не пишуваме тука да не бидиме офф топик ќе не карат админките
Времево влијае на моето расположение, па сум станала депресивна и нерасположена... јас сакам сонце, горештини, вистинско лето! А не ова студенило... сепак, јас сум дете на летото...
Изнервирано,бесно ,луто-така се чувствувам.Џабе ,денес што за сите имав научено и им помагав на матурскиот испит,никој фала не ми рече.
Многу тапа ми е сабајлево .. не знам зошто . Сакам само да легнам и да се разбудам утре , ако е убаво времето . Ако не е тогаш друг ден да се разбудам
Душата ми е многу стегната од проблемите на работа и кај мене и кај саканиот мој... По ѓаволите, ќе заврши ли ова веќе еднаш... Се надевам јас за најмногу 2 недели ќе знам, на работ на лудило сум... Ах да се реши во моја полза иако разбрав кој ми е внатрешен конкурент - тежок забушант што е во добри односи со сите со кои треба да биде... Да биде како што треба и да знам дека 2 - 3 години сум раат. А за тоа време саканиот мој ќе се среди. Кога беше мал му кажав дека скапо ќе го продадам... уште на сум го направила тоа. Страшно се чувствувам. Душата ми е стеганата. А треба да спремам убав настан... веќе им кажав на сите, а ич не ми се организира сега...
Денес сум како од Марс падната. Мозоков ми е апсолутно исклучен, рефлекси - никакви. Сега се прибрав дома и подобро е денес да не излегувам повеќе.
Како прегазена од воз... Кој ме тераше да седам до пет наутро кога знаев дека треба рано да станувам? Никој. Епа сега ќе си трпам. Па и главата ми пука од премногу обврски. Аааааааааааах За друг пат памет.
Мрзеливо. Вчера бев работно расположена, денес ко претепана. Се туткам под покривачот и си грицкам чоколатце. Превртувам милион непрочитани книги, па дури и тоа ме мрзи да почнам некоја. Мрзла. Плус, ич не се чувствувам убава денеска. Имате ли денови кога си велите - ама сум грда денес?
Што му е на времево бе БРАААААТ?! Смрзнав,премрзнав,раце,нозе,нос...не е фер!Лани јуни беше ваков,па и јули...налет вакво лето,а башка шо расположение ми уби.А за викендов имам планови,планови,плановииииии!!!!!Ах мамата! Арна,инаку.Орбитрекот ме чека...денес му ветив два пати по пола саат...многу ми е досадно да го вртам,а можам два саати да сум на него.Па се лепам со пеперутки,се мачкам со креми,аздиси,глупости...во исчекување на одморот,да не си го срамам дечкото пред народ.Да покажам згоден бут,рамно меше,де де...џоа избор,ама ајде. Ми тежат некои луѓе со глупави потреби,манипулатори,наметнувачи,кои инсистираат на вештачко создадени пријателства.Јас барем мислам дека вистинските пријателства се создаваат спонтано каде никој на ништо не инсистира,туку се прави интуитивно и од желба.Можда глупа сум па грешам...Убитачно ми делуваше она инсистирање да бидам отворена и да кажувам што ми тежи последниов месец.Ми го угњави духот,расположението и менталнта сила!По ѓаволите човеку,откачи се!Не ми е во природа на некого да му лелекам,јас си ќутам или по однесување ќе сфатиш дека не ми е дн,ама да отворам уста да лаам,ма не бре брате. Ја рекламираат градската плажа.Туф,туф...газиња,цициња,одбојки,кафиња,мафиња,фекалии,миризби,заслужно за реклама. Месец дена слободна,салам релаксација не видов.Мераклиски во 9 да станам,мераклиски во 11 да си легнам,мераклиски нес да испијам,мераклиски книга да си читам,мераклиски кафиња да терам,сандали нови да прошетам,пријателства да раширам. Не сакам неактивни лета.Ако некој има желба за авантура и летни работилници од по 10 дена,а и 4-5,заедно да одиме,да се глупираме,забавуваме и трескаме зелени.Арно ама за пари е,нема ништо без пари.Не ми се оди со некои зелки факултетски кои ги познавам,напорни се човеку,а башка се од оние,што се глупи и паметуваат и што ти викааат,леле лепотицеее,цело време те мислам,ај да се видиме,леле колку си ми убава,срцка...да бе,не спиеш ти за мене.Купувачи,шиткачи,се бизнисмени,никаде пријатели!Дечкото ќе си го носев,ама не е студент!Пу,мамата! Ух,уште малце...можда тешко ми е на моменти,ама што да правам ѕвездената констелација ми е глупо поставена сега,за утре да ми биде супер.Ако ќе издржам,не се предавам,за две-три години,па и више нека биде...ќе твитувам од Бразил,на плажа сум,имам слободни денови,шоферот ме чека со новото ауди пред плажа,а јас се печам,после сум на спа третмани,па малиот ќе ме собере да ме носи на вечера.Зафатен е,со Бил Гејтс нон-стоп е деновиве,милијарди се во прашање,ама тоа ти е кога имаш силна жена зад себе....добро Спилберг,замолчи. Се напоив со вода сега не можам да мрднам...
Ладно, поспано, нервозно.... неинспирирано. Па кој би бил инспириран на ВАКВО време? Да ти и времето и се!
Јас Се чувствувам прекрасно. Немам некој посебна причина,едноставно уживам.Не ми смета ветрот,ниту пак дождот.Нешто ме исполнува кога ја гледам секоја капка како се тркала по мојот прозорец.Надвор врне,но во мене грее сонце.