Кој знае.. Веќе долго време ни јас не знам како се чувствувам.. Утепано е веројатно најблискиот збор до тоа како се чувствувам
Многу се радувам кога ќе прочитам дека некои членки се чувствуваат среќно па макар и за ситница но, јас веќе некое време се чувствувам збунето, имам пишано и претходно.. сеуште ми се нуди понуда за работа во еден новоотворен салон за подароци со добра плата, инаку сум сестра по професија и моментално работам на скратено раб.време со мала плата. Работата не ми се остава, имам добри услови тука, но немам опција за полно раб.време. Да сте на мое место што би направиле, дали би излегле од својата струка и плус осеќам ќе ми фалат колегите како мало семејство сме, дајте совет бидејќи неможам да се одлучам, а веќе некое време сњ чувствувам вака никако..
Никако ... Не знам зошто мора се толку сурово да е .... Прва братучетка од чичко ми ,остана без мајка на само 11 години... Не знам како може уште тетка и (сестра на стрина ми ) да си дозволи да го обвинува него и тоа пред девојчето ,срце ми се кине. Не можам да отидам ,а немам како да си ја земам на некое време некако... Како ли ќе живеат понатаму...
Рационално размисли, на работа се оди за парите. Јас би си заминала и би прифатила да одам на новата работа. А со колешките од другата работа секако дека можиш да одржиш контакт.
@macencef фала за советот, но мислам дека треба да го работиме тоа што го сакаме, а не само да работиме колку за пари. Секое мислење ми е добредојдено, за да на крајот сама и одлучам
Јас би отишла на другото место привремено додека си најдам работа по струка што ја сакам и со полно работно време. А доколку не ти е битно колку се примањата од работата тогаш остани си кај што си.
@Snowflake92 Добар совет, не ми текна на ова можда и баш пред одлука па не размислувам како што треба
Со колегите не гледам причина зошто да не останете во контакт доколку се одлучиш да заминеш. Инаку јас би го одбрала она што мене највеќе ми одговара. Немаш што да загубиш доколку заминеш, можеш само да добиеш а во меѓувреме да чекаш и подобра шанса во друга болница додека се распрашуваш. Некогаш ризикот вреди.