Аууу супер ден! Се наспав , се лулав на лулашка со внук ми , си вртаив спомени од детството СЕГА СИ СЕДАМ НА ФЕМИНА И СИ УЖИВКАМ
Празно.Проклето празно,како да има толкава празнина во мене што може да ја собере цела планета.Дури не ни депресивно или меланхолично,туку како да сум лишена од секаква емоција. На моменти мислам дека единствено нешто што сеуште ми функционира е мозоков,на моменти сум сигурна дека токму тој упорно ме турка во бездна,во напорот да направам чекор напред ме враќа два назад.Сепак,сигурна сум дека полека се раѓа некаква желба да ги поправам работите,но појма немам како.Овој пат нема да можам сама,ќе ми треба помош....
Добро сум Освен часот кога бев на заболекар Ама сега се чувствувам многу убаво,се надевам дека вака ке ми заврши денот!Оти кај мене уште денот трае иако е нок...
Пфффффффффф....никако, мрзливо, досадно ми е...не знам што ќе се прави со ова времиштево, дал сонце ќе видам. А демек мој месец бил. Тикви. Лаже хороскопот, лаже Уште малку ако не си легнам ќе се препарирам тука пред пц, а утре куп глупости испланирав. Ми треба спиење (не оти го немам ама хронично ненаспана сум) и добра музика над глава. И ќе сум ко нова. Се надевам. Ако не и утре истово ќе го пишам
значи од денес полош ден амин карање со мајкамии,дремење цел ден пред пц,како да се чувствува човек?? катастрофа времето ме уби тотално,завиткана во јорганчето цел ден сум изнервирана фкрајј,омалаксана, за ништо немам желба нити пак имам сила немам ниту занимација некоја :'( цел ден дремам в кревет со лаптопо,па ни да заспијам неможам ако не беше форумов ке си умрев од нервоза
брррррррр како во фрижидер, аман не сум зимурлива но ми е ладно, е и поспана сум, а и изморена оф како ќе го издржам денов
И јас измрзнав и вчера и денес...немам ни чувство дека е лето...аман нека се смени времево....и баш поради него се чувствувам глупаво, депресивно, изморено....
Тапа...времево е ужасно како и моето расположение...да неможеш да прошеташ нигде, по цели денови мора дома да седам, сакам точак да возам ама тешко на вакво глупаво време кое верувам сите не прави депресивни
Прочитав нагоре дека ви смета времето што било ладноо! Ке си го тражеме ова време кога ке дојдат пак тие неподносливи 40 степени ааааауу сега ми е супер на жештината не се издржува. Инаку денес сум наспана и очекувам една другарка да си пиеме кафенце
Денес сум неорганизирано среќна Во исчекување на вечерта, цел ден го поминав до сега во леткање со мислите и планирање на иднината... Аххх да бев сценарист во животнава приказна моја... Често пати се осеќам само како глумец! Ама денес работите нема да ми излезат од контрола... И продолжувам со мечтаењето... Работата ќе почека денес!
Денес.....мрзливо и не ни сакам некако поинаку..супер ми е и се надевам и ќе продолжи вака до крајот на денот... имам еден куп работи за нервоза,посебно од последниве 2 часа,ама си се восхитувам..ни грам нервоза не осеќам посакувам на сите да ви биде вака
Ужасно... Премногу работи се променија.Измешани,тажни и нејасни чувства кои се сепак толку силни и допираат длабоко во мене.Не можам да го препознаам ликот во огледалото кој во последно време е секогаш со тажни и насолзени очи.Се прашувам каде го снема малото девојче кое храбро,цврсто и сигурно чекореше по животната патека,со леснотии ги преминуваше сите пречки и секојдневно се смееше.Се каам за некои работи.Ех кога би можела да се вратам за некоја година поназад сѐ ќе беше поинаку.Сакам да сум повторно мала.Сега сфатив многу работи,сѐ е многу поразлично од тоа што мислев.Околината е полна со лицемерие,омраза,злоба,дволичност,тага... Порано малите нешта ме правеа среќна,а сега малите нешта за момент можат мојата насмевка да ја заменат со солза.Сакам да заминам некаде далеку,да одморам од сѐ и да видам како ќе тече животот на останатите без мене.Чудно е колку малце ми треба за да бидам среќна,а уште почудно е како многу често баш тоа малку ми недостига.Ме нервира тоа што некои луѓе имаат се што некои сонуваат,а не се задоволни. Тажните се смеат најубаво...