Чувствувам многу голем замор, а не можам да заспијам. Осеќам дека и овој ден ќе го губам во креветот, а пак не ќе заспијам...
Ужасно се чувствувам. Имав кутре,го земав кога имаше 40 дена нешто повеќе,толку многу го засакав и се поврзав со него ми стана како дете. Беше посебна,не дека беше моја ама се радуваше на секого,многу беше паметна,многу сакаше да се гали. Ја чував дома внатре,како очи во глава,нон стоп читај прашувај купувај,ја носев сегде со мене. И она мене ме сакаше премногу,постојано плачеше по мене ако не ја земам негде со себе. Ја удри кола толку незгодно во глава,имаше внатрешно крварење,а ветеринарот не даде баш се од себе да ја спаси. Во тој момент имав надеж дека ќе преживее,само што си отиде ветеринарот после пола саат ми умре на раце. Никогаш нема да заборавам како престана да диши и како престана срцето да и чука. А не сакаше да се предаде и се бореше до последно. Умре на само 6 месеци,веќе помина месец дена а јас сеуште ни малку не можам да се опоравам. Ги мразам луѓето што се бесчувствителни и не разбираат,ги избегнувам и не сакам да зборам со нив за тоа зошто секоја реченица им е: “ќе помине“, “голема работа“, “ај па и ти за едно куче,ќе земеш ново“. Океј е,разбирам дека секој различно гледа на животните.но за мене се сите посебни на свој начин,исто како и луѓето. Тој што веќе осетил смрт,знае колку е болно кога повторно ќе изгубиш некој што си го сакал премногу. Никогаш нема да ја заборавам и никогаш нема да помине, единствено нешто што ме теши е дека еден ден повторно ќе бидеме заедно.
Вознемирено,неспокојно....Треба да му славам роденден на син ми, а на свекорот му се слоши. Не знам што носи утрешниот ден, треба да се видам и прославам со ептен блиски и мили луѓе, а неизвесноста и грижата ме убива. Башка што и мене ми се слоши претходно, имав и еден неостварен тел разговор кој ме става во прашалници. Еве како мирниот и спокоен ден се претвори во обратното.
Се враќам полека во нормала како намалуваат жештините, јадам, пијам и спијам нормално, и размислувам нормално!! Не знам ама кога е топло сум напната, никаква, се ме нервира.. Им завидувам на лугето што уживаат во лето, јас незнам и неможам, а баш е позитива сонцето ама ете ми мава на психа Есента ми е милина, свежина, лисја под нозе, дури и мирисот на зимници иако не ги правам ме потсетува на детството мое, а сега имам момче големо
Ме израдува неочекувана вест. Се надевам дека ќе се реализира. Ама и ме боли коленото зашто сум трапава и паднав на прав пат. Коленото ќе помине, има побитни работи за радување.
Затнато, со болки во грло и сега сум ненаспана. Кој ме тераше да пијам газирано, толку во две години немам испиено