Лошо, не знам што е исправно, кој правец да го фатам, премногу се напатев периодот ете , се собра , манипулации , интриги се одразија на моето психичко здравје. Ми недостигаа мирот кој си го имав како девојка кај моите, нивната поддршка љубов, тешко е кога си во средина каде што постои злоба, со ништо не си увредил никого, и пак не си раат, такви манипулативни дефектни особи ме задесија во животот. Се изгубив себеси , станав конфузна. Па уште и љубоморни испади, од негова страна, јас не можам да не постојам за он да е задоволен. Со ништо не сум допринела за таков однос кон мене. Страшно што животот може да ни приреди. Ама колку и да е лошо за добро е, некогаш Бог ни дава искушение за наше добро, и кога нештото изгледа како казна за спасение е , барем така си се тешам.
Толку од сонот, назад во реалноста. 30 минути тука, а веќе расипано расположение за цела недела. Хепи Мандеј.
,, Здрвено и расклацкано ", дури сега сфатив колку утнав што не вежбав редовно до сега, целата чкрипам, коски ми крцкаат, мускули ме болат
малку во паника зошто не знам која е процедурата за дипломска, а треба до вечер да ја пријавам угд нема никаков информатор околу постапката
Одвратно, ако може одвратно да се нарече чувство, имам менструација прв ден, ми тече како чешма, ме боли стомакот, настината сум, носот ми е како чешма, главата ме боли, грлото ме боли, кашлам цел ден, во сабота имам колоквиум, цел ден само се нервирам за нешто и се придеравам како ненормална, и згора на се морам да се расправам со мојот неразбран дечко што нема осет за ништо, јас му зборувам нешто, му кажувам, он ми вика јас сега ќе спијам гн срцко..